Желбата за здрав живот и пасијата кон спортот се едни од главните мотивaтори за создавање на најразлични гаџети. Фитнес гаџетите ни се доволно познати, но тие полека стануваат минато во споредба со најновиот производ од Smash, паметна ”алка” која ќе ви помогне при играње тенис.

тен

Овој гаџет е прв во светот кој може на љубителите на тенисот да им помогне да ги усовршат техниките, а воедно и да им дава препораки за подобра игра. Smash користи сензори, со кои се следат движењата од многу аспекти на играњето тенис. Се мерат бројот и видот на удари на тениското топче, брзина на движење на рекетот, интензитет, ротација на зглобовите, техничка конзистентност и тн. Со помош на повеќе алгоритми овие податоци се процесираат и се праќаат на мобилните уреди за само неколку секундни преку Bluetooth.

тенн

Од добиените податоци ќе може да ја проверите ефикасноста на вашата игра, дали при ударот на тениското топче треба да примените повеќе сила, дали форхендот или бекхендот се во ред и многу други сугестии за подобра игра. Може да го носите на вашата рака без никаков проблем, флексибилен е и тежи помалку од 15 грама. Содржи ЛЕД сијалички за различни известувања и може да работи од 6 до 8 часа.

теннн

На Кickstarter сѐ уште се собираат средства и планот е во фебруари да биде достапен за сите љубители на тенис со цена од 119 долари.

Извор: Smash Wearables, Engadget

Претходна статијаLG G3 vs G2: Може ли G3 да го надмине G2 како “најдобриот смартфон што може да се купи” ?
Следна статијаApple официјално ги купува Beats за 3 милијарди долари