flying.0

Сликањето селфи фотографии стана хит на денешницата, колку некои од нас и да не го сакаат тоа. И покрај тоа, фотографирањето на добро селфи одзема доста време и особено многу внимание од околината – многумина забораваат на местото каде се отидени само за да сликнат добро селфи. Отсега тоа не мора да биде така, благодарение на Roam-e дронот, кој може да ве следи, цело време фотографирајќи и снимајќи видео од вас.

Се работи за прилично мал дрон со цилиндричен облик и два пара перки на врвот, кој благодарение на технологијата за препознавање и следење на лицето на корисникот, може да го следи каде и да оди. Бидејќи се работи за летечки објект, со него може да фатите и некои прилично интересни кадри од височина, но можностите се многу поголеми – достапни се четири четири модови: Selfie, Pilot, Scout и Navigation, како и можност за опкружувачко видео од 360 степени.

Камерата снима со максимум Full HD резолуција, што е солидно, но сепак ќе беше добро да поддржуваше 4K. Батеријата дозволува летање и снимање од 20 минути пред да се истроши, додека полнењето трае два часа. Во превод, испланирајте од претходно каде и за што ќе ја искористите. Roam-e летечката селфи камера овозможува и директен пренос во живо од видеото на интернет.

Roam-e има перки кои лесно може да се соберат за да се стави во ранец, што го прави многу употреблив за патувањата. Останатите информации се сепак се уште сиромашни– уште не знаеме на кој начин ќе се поврзува со паметните телефони и кои ќе бидат целосните можности на апликацијата. Цената изнесува 399 долари и доколку го нарачате сега, овој летечки селфи дрон ќе го добиете за 12 недели.

Извор: The Verge, CNET, Roam-e

 

Претходна статијаКако целосно да ги избришете податоците од вашиот паметен телефон пред да го продадете?
Следна статијаОфицијално – Windows 10 Anniversary Update ќе биде достапна од 2-ри август