gest

Досега, веќе видовме неколку различни начини за остварување на еден од ултимативните Sci-Fi соништа, а тоа е управување со електронските уреди само со мрдање на прстите и раката, но сите вклучуваат посебни камери кои го препознаваат движењето. Gest има друго решение, кое е многу поевтино и лесно за користење.

Се работи за уред кој се носи на раката и кој за разлика од досегашните такви „нараквици“ е многу полесен и поедноставен. Има четири прстени кои се ставаат на горните делови од прстите и еден поголем дел кој е поврзан со нив. Ова му овозможува на Gest прецизно да ги измери движењата на раката и прстите и да овозможи брза интеракција со компјутерите.

Секако, за да функционира целосно, на Gest му треба и придружен софтвер, како и апликации кои можат максимално да го искористат, но засега работи со Adobe Photoshop, каде е одлично решение за брзо менување на некои параметри, како големината на сликата или четкичката, доколку во истиот момент цртате со пенкалце (на пример на Surface таблет). Вака, за да смените некоја функција, нема да мора да се преместување на маусот или тастатурата.

DSC_4261.0

Gest инаку комуницира со уредите преку Bluetooth, што го прави погоден и за користење со VR очилата за виртуелна реалност, каде може дури и да се користи за пишување на виртуелна тастатура, како во научно – фантастичните филмови! Уредот има и вградена батерија, која му овозможува цел ден користење со едно полнење, а се полни многу лесно преку micro USB приклучок, што значи дека доколку ви снема батерија, би можеле и натаму да го користите доколку го приклучите во USB влезот на вашиот компјутер.

Засега, Gest е во стартап фаза, со цел да собере 100.000 долари, а оние што сакаат да помогнат можат да го нарачаат по специјална цена од 99 долари за оние што сакаат да го поддржат. По лансирањето, цената ќе изнесува 199 долари.

Извор: The Verge, Kickstarter

Претходна статијаНема бегање – МИТ развија систем за препознавање луѓе преку ѕидови
Следна статијаКако успехот на Surface Book може да му помогне на Windows Phone ?