flir-one

Отсекогаш ни бил кул моментот кога главниот херој од некој филм ќе употреби термална камера за да гледа подобро во ноќта, а сега истите тие „супер“ моќни ќе можете да ги имате и директно во вашиот паметен телефон.

Flir One е камера која може да ги гледа инфрацрвените зраци, односно оние кои ги генерираат потоплите тела, како човековото на пример. Ова ја прави многу корисна за гледање и фотографирање во темница, но и за мерење на температурата на некои објекти, со многу голема точност. Бидејќи топломерите кои ги користиме кога сме болни се веќе застарена технологија, нели.

flir-one-thermal-camera-8461.0

Покрај погоре споменатите можности, Flir One може да гледа и низ густа магла, што е многу погодно за возачите (ако го постават телефонот на погодно место во автомобилот), но и за планинарите и сите оние кои многу од времето го поминуваат надвор. Единствено, Flir One нема да може да ви покаже колку е некој/а загреан/а за Вас, но тоа и така веројатно ќе мора сами да го забележите.

Камерата користи CMOS сензор со релативно слаба резолуција од само 640х480 пиксели, но тука сепак не се важни пикселите. Можностите кои ги нуди камерата реално ги нема ниту еден друг додаток за телефон на пазарот, па тоа може и да се прости.

flir-one-thermal-camera-8465.0

Засега, Flir One е достапна за iPhone и доаѓа со сопствена апликација, која може да фотографира и снима видеа, а може да се избере и различен спектар на боите кои се користат за различните нивоа на топлина.

Flir е инаку долгогодишен производител на термални камери за воени цели, но и на термалната камера која се користи во преносите на Formula 1, а која покажува колку се загреани гумите на болидите.

flir-one-thermal-camera-8485.0

Извор: The Verge

Претходна статијаChrome TouchBot е робот кој го тестира кочењето кај Android уредите
Следна статијаБезжичното полнење за телефоните ќе стане многу побрзо