chromecast_audio

Кога се појави, Chromecast на Google беше пречекан со мешани реакции. Веројатно зошто дигиталната телевизија се` уште беше на премин од античките аналогни средства, па луѓето немаа претстава како точно ќе се префрлат и дали тоа ќе значи дека омилените турски, шпански или американски серии ќе можат да продолжат да ги гледаат со несмалено темпо.

Во текот на годините Chromecast се разви до пријатно ниво и почна да појавува интересни опции, како директно пренесување на сигналот од вашиот преносен уред, повикување на содржина од други извори. Во меѓувреме се појавија конкуренти како Apple TV и други. Сите тие уреди беа насочени кон телевизиското искуство и не посветуваа многу внимание на аудиото (иако имаа таква опција).

Најновиот уред кој доаѓа од фамилијата на Chromecast е Chromecast Audio, секако, од Google. Овој уред е насочен кон аудио искуството во вашиот дом, а изгледа слично на оригиналниот Chromecast.

Се работи (повторно) за куглеста кутија која има интересен додаток кој потсеќа на старите винил плочи. Тој се врзува преку 3,5 мм адаптер со вашиот аудио систем и може да пренесува содржина од повеќето уреди во домот кои работат на Android, Windows, OSX, iOS и од Chromebook.

Дополнителна интересна опција е што ако имате повеќе Chromecast Audio уреди низ домот, тие сите ќе можат да се нагодат да ја пуштаат истата содржина – или различна по желба. Сепак, негативното е што за секој аудио систем ќе мора да имате по еден ваков уред, но среќа во несреќа е што чини само 35 долари.

Како и да е, Chromecast Audio ќе овозможи поинаква перспектива на користењето на преносните уреди со вашите аудио системи, нешто што го баравме подолго време.

Извор: The Verge, Engadget

Претходна статијаPixel C е новиот таблет/лаптоп на Google со Android Marsmallow
Следна статијаFormlabs Form 2 – Десктоп 3Д печатач наменет за ентузијастите