wwdc15-hero

Worldwide Developers Conference e конференција организирана од страна на Apple каде што ќе се презентираат разни технологии на Apple, како што е iOS 9, Watch SDK (за изработка на апликации што ќе работат директно на Apple Watch) и слично.

Конференцијата ќе се одржува во Сан Франциско, од 8 до 12 јуни, со тоа што учесниците ќе бидат избрани по случаен избор од апликациите испратени до Apple.

Apple строго забранува снимање на аудио и видео на настаните на WWDC и забранува употреба на професионална фото опрема. Фотографирање со мобилни уреди и малечки апарати е сè уште дозволено.

Тоа што е ново, е забраната на користење на селфи стапови и моноподи од сличен тип. Причината позади оваа одлука е дека со користењето на вакви стапови учесниците ќе можат да ги фотографираат/снимаат настаните без никакви пречки, а воедно ќе пречат на другите учесници.

Настаните ќе бидат достапни за гледање во живо преку неколкуте платформи кои ќе вршат директен пренос.

Извори: 9to5mac, Appleinsider, Techradar

Претходна статијаGuitar Hero со нова едиција после 5 години
Следна статија„Старо донеси, ново однеси“ – Еко кампања за замена на неисправни за нови апарати