Apple-1 (4)

Веќе неколку пати пишувавме за Force Touch и неговите примени во тачпадите на новите лаптопи на Apple, како и кај Apple Watch и најверојатно во новиот iPhone. Денес ќе пишуваме за сличен патент на Apple, но наменет за тастатурите!

Навистина, се уште не ни е јасно зошто гигантот во технологијата толку многу сака да го смени начинот на кој работиме со нашите компјутери, а кој е веќе етаблиран со децении, но ваквите иновации сепак се начин да се биде пред конкуренцијата, особено од маркетиншки аспект, односно ќе имаат нешто што другите го немаат.

Apple-1 (1)

Новата “Fusion Keyboard” тастатура, ќе биде многу слична на Force Touch тачпадот, со тоа што ќе овозможи различен притисок на стискање на копчето и со тоа активирање на различна команда. Со ваква тастатура би можело дури и да се исфрли “Shift” копчето, бидејќи за активација на голема буква, или пак секундарната команда на копчето, ќе треба само да го притиснете посилно. Колку ова навистина ќе биде употребливо, останува да видиме, но вака, барем на хартија, делува интересно.

Apple-1 (2)

Тастатурата е инаку механичка, но има сензор за капацитивен допир во повеќе точки, вграден под секое копче на тастатурата. Зависно од тоа дали ќе биде допрен сензорот, или пак ќе биде активирано само копчето, односно нешто измеѓу, процесорот во тастатурата ќе пресмета дали корисникот сака да ја активира секундарната команда. Всушност, според патентот, ќе бидат дозволени неколку нивоа на притисок, што значи дека ќе можат да бидат вградени и повеќе команди на едно копче.

Патентот датира уште од 2011 година, што значи дека мала е можноста да го види светлото на денот, но сепак се работи за Apple, па затоа и ова примете го со задршка.

Apple-1 (3)

Извор: Techno Buffalo

Претходна статијаLenovo претстави три нови лаптопи од 250 долари, па нагоре
Следна статијаGoogle лансираше паметни Skrillex футроли за Nexus и Samsung