Сигурно сте слушнале од многу луѓе дека приемот, односно досегот на вашиот Wi-Fi рутер во домот можете да го подобрите со алуминиумска фолија. Сега, тоа го докажаа истражувачи од Дартмут Универзитетот, кои направија 3D испринтана форма покриена со алуминиумска фолија, која може да помогне во зголемување на досегот на вашиот рутер.

Ова може да биде добредојдено за голем број на корисници, бидејќи да бидеме искрени, сите ние имаме некој дел во домот кој не е добро покриен. Затоа, евтино решение на 3D испринтан дел покриен со фолија може да биде спасот од непотребно потрошен сообраќај на нашиот мобилен интернет, наместо на домашниот.

Сепак, според истражувачите, вложувањето во рефлектор ќе изнесува околу 35 долари, што се чини како премногу, особено што рутери со поголем досег чинат исто толку пари, а за помалку пари има и засилувачи на Wi-Fi мрежата, но во нивна одбрана, тие велат дека ваквата направа може да засрами и антени кои чинат „илјадници долари“.

Секако, за ова ќе би треба 3D принтер, како што напоменав погоре, но и специјална брановидна форма на направата, која ќе ги насочни брановите во вашите соби. Во превод, дизајнот треба да биде различен зависно од тоа како е поставен рутерот во вашиот дом. На крај, брановидната пластика ќе треба само да ја обложите со алуминиумска фолија.

Ова може да биде и многу корисно за оние кои сакаат да ја заштитат својата Wi-Fi мрежа, бидејќи на овој начин ќе го намалат нејзиното ширење „кај комшиите“, односно ќе можат да ја насочат да функционира само во нивниот дом. Штета само што сите немаме 3D принтер во нашите домови.

Извор: TechCrunch, Daily Mail, Extreme Tech

Претходна статијаАвтомобилите на Waymo вртат по улиците без возач зад воланот
Следна статијаApple работи на очила за проширена реалност, кои би пристигнале во 2019 година