xiaomi_laptop_678_2_678x452

Влезот во скоро секој сегмент на Xiaomi, а особено кај преносните уреди, беше со дизајни кои неодоливо потсетуваа на уредите на Apple. Првиот лаптоп на компанијата го продолжува тој тренд, неодоливо потсетувајќи на MacBook Air на Apple, што делумно е потврдено и со неговото име – Mi Notebook Air.

Лаптопот секако доаѓа со вграден Windows 10 оперативен систем и во две големини – 12,5 и 13,3 инчи. Дисплеите имаат Full HD резолуција, што е солидно со оглед на стартната цена од 525 долари за помалиот, односно 750 долари за поголемиот модел. Сепак, во трката со MacBook Air, Xiaomi изгледа заборави дека во Windows 10 светот, производителите ставаат и дисплеи на допир, нешто што по мене е навистина корисно кога лаптопот го имате ставено во скут.

xiaomi_laptop_678_7_575px

Но, зошто е толкава разликата во цена меѓу двата модели? Причината се перформансите, секако. Помалиот модел има Intel Core M3 процесор со 4 GB рам и 128 GB SSD диск, додека поголемиот има моќен Core i5 процесор со 8 GB рам и 256 GB SSD, но и дополнителна Nvidia GeForce 940 MX графичка картичка, која е добредојдена за сите кои сакаат да играат (полесни) игри на својот лаптоп.

Споредено со Macbook Air, од Xiaomi велат дека нивното алуминиумско куќиште е потенко и помало, благодарение на помалата рамка околу екраните. И покрај тоа, ѝ двата модели доаѓаат со два USB 3.0 приклучоци и еден USB Type-C приклучок преку кој се полни и самиот лаптоп. Тастатурата е исто така целосно осветлена, што треба да го олесни пишувањето навечер, односно во темни простории.

xiaomi_laptop_art_9_575px copy

Со оглед на цената, првите лаптопи на Xiaomi се прилично исплатливи, но ако веќе помисливте да ги купите, еве една пречка – тие најверојатно ќе бидат достапни само на пазарот во Кина, исто како и првите паметни телефони на брендот.

xiaomi_laptop_art_4_575px copy

Извор: TechCrunch, Engadget, AnandTech

Претходна статијаSamsung со најголем профит за последните две години поради одличната продажба на S7 моделите
Следна статијаУтре завршува можноста за бесплатна надградба на Windows 10