vaio-z-flip-800x420

По одделувањето од Sony, Vaio дивизијата најави дека ќе работи само на лаптопи и таблет/лаптопи од високите класи, кои ќе конкурираат на Surface серијата на Microsoft и MacBook Pro лаптопите на Apple. Во склад со нивните планови, тие претставија три нови модели со Windows 10, кои донесуваат високи перформанси и можности.

Најинтересен модел е веројатно Vaio Z Flip, лаптоп кој има можност да се користи и како таблет. Сепак, за разлика од решенијата на другите производители, како Yoga серијата на Lenovo каде дисплејот се врти за 360 степени, овде се врти дисплејот и потоа се враќа над тастатурата, а не зад неа. Благодарение на ова решение, кога ќе го користите лаптопот како таблет, нема да допирате копчиња, туку цврста површина.

vaio-z-flip

Vaio Z Flip е опремен со новите Skylake процесори на Intel и тоа помоќните Core i5 и Core i7 процесори со моќност од 28 вати, наспроти оние со моќност од 15 вати кои ги користи ултрабук конкуренцијата како Surface Book и Apple MacBook Pro 13. Купувачот може да избере и меѓу 8, односно 16 GB RAM меморија и неколку различни капацитети на супер брзи M.2 NVMe SSD дискови. Дисплејот инаку има големина од 13,3 инчи и солидна резолуција од 2560х1440 пиксели, додека батеријата трае од 11-12 часа со едно полнење. Цената на Vaio Z Flip почнува од 1799 долари.

Покрај моделот Flip, Vaio претстави и „обична“ верзија без таблет можностите, која се вика Vaio Z Clamshell. Сите можности и перформанси се исти, со таа разлика што дисплејот не може да се користи со допир и има Full HD резолуција од 1920х1080 пиксели. Цената на овој модел ќе изнесува 1499 долари.

VAIO_S-575x383

Третиот модел кој го претстави Vaio се вика едноставно “S” и ќе биде наменет за оние со малку поплиток буџет. Неговата цена почнува од 1100 долари и исто така е опремен со Core i5 и Core i7 процесори, SSD дискови со 128, односно 256 GB капацитет и 8 GB рам меморија. Vaio S е опремен со 13,3 инчен дисплеј со резолуција од 1920х1080 пиксели, а има и многу приклучоци, како три USB 3.0 порти, HDMI, Ethernet и дури и VGA порта за постарите монитори.

z-engine-100639895-large

Извор: The Verge, SlashGear, Digital Trends, PCWorld

Претходна статијаApple отповикува Mac и iPhone полначи на сервис, поради можност да ве фати струја – опфатена е и Македонија!
Следна статијаНовите X-Files ќе бидат навистина интересни