pinebook_size1

Последниве неколку години на купувачите низ светот им се достапни се’ поевтини и поевтини лаптопи и цените се спуштија и под 200 евра. Сепак, Pinebook оди многу под тоа – чини само 89 долари, но овој лаптоп ќе може да функционира само со Linux (Ubuntu и Debian) и Android, односно нема воопшто да можете да инсталирате Windows на него бидејќи има ARM процесор.

Според тоа, овој лаптоп е повеќе наменет за дивелоперите, кои можат да го користат како тест субјект и/или за школите, кои би можеле лесно да инсталираат своја Linux верзија на него, на која потоа би учеле децата.

Причината што цената е толку ниска е пак што за неговата изработка се заслужни производителите на Pine 64 микро компјутерот, конкурент на Raspberry Pi, кој чини само 15 долари.

pablo-2-1-copy

Pinebook инаку доаѓа во две големини на дисплејот – 11 и 14 инчи и резолуција од 1280х720 пиксели, што е малку под нивото на најевтините лаптопи со Chrome OS или Windows. Процесорот е на кинескиот производител Allwinner и има 4 Cortex-A53 јадра, а помогнат е од 2 GB рам, 16 GB простор со слот за micro SD картичка.

Супер евтиниот лаптоп има и две USB 2.0 порти и mini HDMI излез за поврзување со поголем монитор. На лаптопот дури има и предна камера за видео повици, голема батерија од 10.000 mAh и Wi-Fi и Bluetooth поврзување. Со оглед на цената од 89 долари за 11 инчниот модел, односно 99 долари за 14 инчниот, ова се одлични карактеристики.

Сето ова не значи дека треба веднаш да истрчате и да го купите овој лаптоп. Се работи за специјализиран уред кој треба да знаете за што ќе можете да го искористите пред да потрошите пари на него. Секако, Android можеби делува примамливо, но тука лаптопот пак има сериозна конкуренција од евтините таблети, кои се сигурно подобри за играње на игри и сл.

Извор: ZDNet, OMG Ubuntu, Pine64

Претходна статијаAndroid Nougat 7.1.1 достапен на Google брендираните телефони од 5 декември
Следна статијаZTE бара име од заедницата за својот нов „самолеплив“ смартфон