gsmarena_001

Со генерации наназад производителите на лаптоп компјутери стремат кон потенки, полесни и појаки преформанси во нивите уреди, но MSI има други планови со новиот GT80 Titan лаптоп.

Вградена во предниот дел на лаптопот се наоѓа целосна механичка тастатура, што би го израдувало секој гејмер. Самата тастатура е од марката SteelSeries, а GT80 Titan содржи специјален SteelSeries Engine софтвер, овозможувајќи му на корисникот прилагудување на копчињата.

Со 18 инчен монитор и внатрешност во црвено-црна комбинација, GT80 Titan има тотално гејмерски дизајн. Вградената механичка тастатура, големиот екран, екстремните бои доведуваат до впечаток дека овој преносен компјутер е прв од новата генерација гејминг компјутери на MSI.

gsmarena_002

Иако делува дека со механичката тастатура GT80 Titan би тежел повеќе од вообичаено, од MSI навестуваат дека новиот гејминг лаптоп е најтенок и најлесен 18 инчен преносен компјутер, 17% потенок и 22% полесен од останатата конкуренција.

Сепак од MSI не споделија повеќе информации за вградените компоненти, па сеуште е нејасно каков вид на графичка карта или пак колку рам меморија би корсител новиот GT80 Titan. Не се знае ниту датумот на промоција, а ниту цената, но едно е сигурно, ова e лаптот дизајниран за гејминг.

Извор: PCWorld

Претходна статијаGoogle развива начин за откривање на болести преку магнетни нано честички
Следна статијаСамсунг ќе произведува монитори со 27-инчен заоблен екран