MSICES14

Тајванскиот производител на компјутерски хардвер – MSI, се подготвува да ја претстави својата најнова понуда на мобилни и други уреди за време на CES 2014 во Лас Вегас.

Во центарот на вниманието ќе биде следната генерација на гејминг лаптопи, меѓу кои и неодамна излезениот GT60 кој доаѓа со четврта генерација на Core i7 процесор, GeForce GTX 780M графичка карта и WQHD+ дисплеј со резолуција од 2880×1620 пиксели.

Исто така, на штандот на MSI изложени ќе бидат и неколку професионални Quadro лаптопи, Kabini базирани таблети и лаптопи со екран на допир, како и еден 24-инчен гејминг AIO (All-In-One) десктоп компјутер со R9 M290x графичка карта и “Flicker-Free” технологија која го елиминира треперењето на екранот и со тоа го намалува заморот на очите при долги гејминг сесии.

AIOCES14

Во исчекување на новите Kaveri процесори од AMD, на изложбата MSI ќе ја претстави и својата нова линија на FM2+ матични плочи.

CES 2014 ќе се одржи во Лас Вегас, САД од 7-ми до 10-ти Јануари.

Претходна статијаСвет од екрани – коцепт од Samsung
Следна статијаS-512 Суперсоничен бизнис авион