Додека Windows фановите очекуваа Surface Phone смартфон, според најновите информации, не само што него нема да го дочекаат, туку може да се случи и целата популарна Surface линија да биде згасната од страна на Microsoft.

Ова не е информација од Microsoft, што значи дека не треба да ја земете како официјална, туку е од Стив Бразиер, аналитичар од областа, според кој се ближи крајот на Surface серијата. Ова е интересна претпоставка, бидејќи ако ги гледаме последниве неколку години, токму Surface е најдобриот бренд на Microsoft, препознат од широк круг на купувачи како квалитетен производ со премиум карактеристики.

Сепак, според Стив, Microsoft не прави пари на Surface линијата секое тримесечје од годината, односно има добри и лоши периоди. Ова, заедно со тоа што новиот извршен директор на компанијата Сатја Надела е повеќе софтверски отколку хардверски човек, е доволна причина Microsoft да ја изгасне цела серија и да се посвети целосно на софтверските и клауд сервиси.

Јас сепак не би бил толку сигурен во овие тврдења на аналитичарот. Да, Surface можеби има и лоши периоди, но таа линија е пред сѐ направена за да им го покаже патот на хардверските партнери на Microsoft во развојот на нови модели. Всушност, после лансирањето на Surface Pro линијата, се појавија цела плејада на лаптоп/таблет мобилни уреди, кои се воедно и супер успешни. И најважно од сѐ, сите од нив се со Windows 10, што сигурно му одговара и на Сатја Надела.

Бидејќи изјавата на овој аналитичар и не доби на претерано голем публицитет, јас би рекол дека е само добро темпирана после веста дека Microsoft официјално се откажува од Windows 10 Mobile, за да може да има поголем импакт кај читателите. Според мене, Surface линијата е перфектно безбедна. Засега.

Обновено: Панос Панаи, главниот за уреди во компанијата, излезе со демант на оваа информација.

Извор: Express

Претходна статијаЈавна дебата за чист воздух поддржана од НАСА
Следна статијаЕлон Маск ќе го електрифицира девастираниот остров Порторико