Intel Optane SSD 900P Series half-height half-length add-in card, available in 480GB and 280GB capacities. (Credit: Intel Corporation)

Денес скоро секој псоериозен корисник на десктоп или лаптоп компјутер премина на SSD диск – разликата која овие дискови ја нудат во поглед на брзината во однос на HDD е огромна и доволна за да ги живне и постарите машини. Сепак, Intel сега претстави нови SSD дискови, кои ќе направат скок во брзината во однос на SSD дискот кој го имате во моментов, каков што беше скокот од HDD на SSD.

Intel Optane 900P е SSD диск од најновата Optane генерација, кој се поврзува со рам меморијата и благодарение на тоа може да испорача ултра високи брзини на читање и впишување податоци. Производителот ветува брзини од 2500 MB/s за вчитување податоци, односно 2000 MB/s за впишување податоци. Ова се бројки кои не само што се импресивни самите за себе, туку буквално ја растураат конкуренцијата во овој сектор – од Intel велат дека нивните дискови се до 7 пати побрзи.

Новите Optane SSD 900P дискови на Intel доаѓаат во две изведби, со 280 и 480 GB капацитет и чинат 389 односно 599 долари во САД. Ова се високи цени за SSD дискови, макар и со толкав капацитет, особено што Intel на нив дава гаранција од само 5 години, за разлика од 10-годишната гаранција на голем дел од конкуренцијата. Optane SSD 900P ќе бидат понудени во U.2 и HHHL изведби (полувисоки или полудолги), зависно од тоа каква конфигурација сакате да направите и какво куќиште имате.

Извор: ZDNet, Firstpost, PC Gamer

Претходна статијаКако да градиме корпоративна култура во ера на фриленсери?
Следна статијаEден од луѓето кој направи рецензија на првиот iPhone, објави први импресии за iPhone X