imacs-0

Иако своевремено IBM беа лути конкуренти со Apple, денес тие работат заедно на испорачување на компјутери во компаниите. Имено, IBM е една од компаниите со најмногу Mac компјутери, за кои вели дека им заштедиле многу пари во споредба со претходните компјутери кои ги користеле, а кои имале Windows.

Според Флечер Превин, кој моментално работи во сервисот во IBM, вели дека со Mac компјутерите компанијата заштедила од 273 до 543 долари по компјутер во рок од четири години со тоа што избрале Mac, споредено со најдобрата цена за одржување на Windows компјутери.

Моментално, IBM е компанијата со најмногу Mac компјутери и тоа преку 90.000 и според нивните искуства, само 5% од корисниците на Mac OS компјутери во нивната компанија се јавиле на техничка поддршка, за разлика од дури 40% за Windows корисниците.

Како и да е, вреди да се повтори дека моментално IBM работи тесно со Apple за внесување на Mac OS во бизнис светот, односно во компаниите, каде Windows е апсолутно доминантен и ова може да е само еден вид на реклама.

Исто така, би било добро да имаме информација за тоа какви прашања вработените поставувале на техничка поддршка, односно дали биле насочени кон користењето на некој софтвер или пак само за досадната надградба на Windows 10?

Извор: Extreme Tech, Recode, Computer World

Претходна статијаLastPass овозможи бесплатно синхронизирање со сите уреди
Следна статијаТери Маерсон: Microsoft ги напушта телефоните, но не и уредите со можност за телефонирање и ARM чипови