11-inch HP Stream

Microsoft и HP повторно здружуваат сили против гигантот Google, но битката нема да ја бијат со моќни конфигурации туку со евтини уреди. Серијата Stream кој треба да претставува конкурент на Chromebook и Nexus e составена од евтини лаптопи Stream со големина од 11 и 13 инчи како и 7 и 8 инчни таблети со истото име.

Таблетите се напојувани со процесори на Intel и тоа е единственото што засега се знае за овие уреди. Заедно со таблетите тука се и лаптопите Stream. Двата уреда ќе имаат по 32 гигабајти флеш меморија, помалата верзија има екран во HD додека 13.3 инчниот модел ќе може да се купи и со екран чувстивтелен на допир.

hp_stream_7_8

Како и кај таблетите HP користи процесори Intel, а како што е познато овие се од серијата Celeron. Секако за да биде конкурентен во пазар преплавен од Android и Chrome OS, компанијата HP и Microsoft нудат и едногодишна претплата на Office 365 Personal, еден терабајт простор на OneDrive како и 60 минути на Skype секој месец.

Осум инчниот таблет ќе има опција која ќе биде достапна најверојатно само за САД во која е вклучен податочен трансфер LTE од 200 бесплатни мегабајти.

Од HP исто така најавуваат и 14 инчна верзија на лаптоп која треба да се појави во Октомври, а веќе најавените ќе се продаваат околу 200 долари додека таблетите ќе бидат по цена од 100 долари и 150 долари.

Извор: PCWorld

Претходна статијаНова математичка пресметка укажува на непостоење на црни дупки во Универзумот
Следна статијаНови стилски безжични слушалки Zik 2.0 од француската компанија Parrot