aero-14-front-angle_w_600

Производителот кој е пред сѐ познат по гејмерските компоненти, претстави нов ултра тенок лаптоп наречен Aero 14, кој има доволно моќни компоненти за да може без проблем да ги „вози“ сите понови графички интензивни игри.

Лаптопот има дисплеј со големина од 14 инчи, што е веројатно минимумот за солидно гејмерско доживување, но и дебелина од само 19,9 милиметри, што го прави исклучително пренослив. Резолуција на дисплејот е 2560х1440 пиксели, што е веројатно доволно за гејмерите да можат да уживаат во остра графика. За оние кои сакаат да играат на поголем дисплеј, HDMI 2.0 излезот поддржува 4K резолуција на 60 Hz.

AERO-14-rear_w_600

Во ова мало и тенко тело се сместени исклучително моќни компоненти – процесорите се од H-серијата на Core i7 линијата, што значи дека не се оние штедливите од другите ултрабук лаптопи, додека графичката е прилично моќната Nvidia 970M. Лаптопот доаѓа и со DDR4 рам меморија и M.2 PCIe SSD диск од третата генерација, компоненти кои се кремот кај лаптопите во моментов.

И за разлика од останатите гејмерски лаптопи, овој има и долго траење на батеријата од дури 10 часа. Причината за тоа е што за разлика од останатите вакви модели, овој има батерија до капацитет од 94,24 Wh, што е скоро двојно повеќе од конкуренцијата.

gigabyte-aero-14-colors_w_600

Aero 14 е инаку целосно изработен од метал, кој треба да помогне во подобро ладење на сите внатрешни компоненти. На самиот метал пак е „изрезбана“ 3D литографија, со цел да се долови гејмерскиот момент. Цената на лаптопот сѐ уште не е објавена, но тоа би требало да се случи наскоро, на промоцијата на Computex 2016 на 31 мај.

Извор: TechRadar, Tom’s Hardware, Gigabyte

Претходна статијаOppo претстави прототип паметен телефон со свитлив дисплеј
Следна статијаНаучниците создаваат човечко-животински ембриони