dell-studio

Microsoft неодамна го претстави Surface Studio, „се во едно“ десктоп компјутерот наменет за креативците, што пак беше најава и дека останатите производители на Windows компјутери ќе влезат во овој сегмент. Првиот е Dell, кој има своја верзија на „се во едно“ компјутер за креативците и кој исто како и Surface Studio има вртлив контролер кој може да се постави на дисплејот.

Компјутерот само беше најавен на Adobe Max конференцијата и засега нема детални информации за него, но според тоа што го гледаме на фотографиите и видеото, можеме лесно да претпоставиме какви можности ќе има. Имено, за разлика од Surface Studio, чиј дисплеј може да се постави во скоро хоризонтална позиција, компјутерот на Dell ќе има два дисплеи – едниот вертикален и другиот хоризонтален.

Ова е реално малку посложено решение од она на Microsoft и истото бара малку повеќе простор на масата, но од друга страна два дисплеи се секогаш добра работа, особено за оние кои работат со цртање, бидејќи можат да работат со повеќе програми одеднаш. Dell исто така најави и вртлив контролер, ист како Surface Dial, кој отвора најразлични можности кога ќе се постави на самиот дисплеј, односно овозможува многу побрзо и интуитивно менување на поставките во некоја апликација.

Компјутерот на Dell, чие име сѐ уште не го знаеме, би требал да биде претставен наскоро.

smartdesk_5f00_550x300

Извор: The Verge, Engadget, Dell

Претходна статијаТери Маерсон: Microsoft ги напушта телефоните, но не и уредите со можност за телефонирање и ARM чипови
Следна статијаMicrosoft Teams е новиот конкурент на Slack