apple-external-display-cinema-dead-796x398

Досега, скоро сите кои сакаа нивните Mac Pro десктоп или лаптоп компјутери да изгледаат добро кога ќе ги приклучат со надворешен монитор, користеа Apple монитори. Сепак, Apple веќе нема да произведува монитори (и покрај најавата за Cinema 5K дисплеј) и на претставувањето на новите MacBook Pro лаптопи, претстави два LG монитори со 4K (21,5 инчи) и 5K (27 инчи) резолуција, нешто што одамна не е случај со гигантот од Купертино.

Да, двата LG UltraFine монитори се развиени во тесна соработка со Apple, што значи дека одлично ќе функционираат со новите лаптопи (светлината на мониторот на пример може директно да се подеси од лаптопот), но мора да се признае дека дизајнерски и естетски ама воопшто не одговараат на кој и да било хардвер на Apple. Всушност, слободно може да се каже дека и не одговараат, нешто кое Стив Џобс сигурно не би го дозволил.

lg-displays-1200x808

Ваквиот развој на настаните е новитет во Apple, кој веќе нема да се фокусира на производство на надворешни компоненти, туку за тоа ќе соработува со други производители, како LG во случајов. Ова е и јасен приказ на тоа како Apple гледа на десктоп компјутерите, односно дека тие веќе и не планираат премногу да вложуваат и да развиваат во овој сектор, што беше и очекувано, бидејќи нивниот најголем бизнис е сепак iPhone.

Извор: The Next Web, 9 to 5 Mac, Forbes

Претходна статијаGalaxy S8 ќе има напреден дизајн, подобрена камера и врвен асистент со „Вештачка интелигенција“
Следна статијаBrainster ја претстави својата нова платформа за кариера Brainster Кариера