acer-aspire-switch-10

Acer денеска го претстави Aspire Switch 10, хибриден уред кој што може да се користи како лаптоп и таблет компјутер. Ова е еден од веќе големиот број на вакви уреди кои што работат на Windows 8 оперативниот систем кој што е замислен за овој тип на уреди. Меѓутоа овој уред од Acer може да биде користен во 4 различни позиции, односно покрај стандардната лаптоп позиција, како и таблет позиција, тој може да биде наместен уште и во позиција во која што екранот е завртен обратно од лаптоп позицијата и во таканаречена „шатор“ позиција каде што екранот и тастатурата за завртени обратно. Менувањето на позициите е овозможено преку тастатурата која што се откачува од екранот. Прикачувањето на двата дела се прави преку магнети кои што треба на едноставен начин да ги прицврстат овие уреди.

Acer Aspire Switch 10 доаѓа со прилично ниска цена од таа што можеби би ја очекувале, меѓутоа тоа потоа се познава и по неговите карактеристики. Па така, за цената од 380 долари ќе добиете 10.1 инчен IPS екран на допир со резолуција од 1366×768пиксели, Intel Atom Z3745 CPU, 2GB RAM меморија, како и избор помеѓу 32 и 64 GB на вградена меморија за складирање. Во делот од тастатурата можно е додавање на дополнителен хард диск со капацитет од 500GB. Исто така во него се сместени USB port, microSD slot и mini HDMI port. Уредот кој што сепак не спаѓа во високата класа е направен од алуминиумска надворешност која што секако му додава на квалитет.

AspireSwitch10_WOW_benefit_image_2

Aspire Switch 10 треба да почне да се продава од Јуни во поголемиот дел од светот. Што мислите за ваквите хибридни уреди кои што почнаа да се појавуваат со излегувањето на Windows 8 оперативниот систем ?

Претходна статијаXerox сместен во квадрантот на визионерите од волшебниот квадрант на Гартнер за 2013 година во подрачјето на управување со деловни содржини
Следна статијаMicrosoft го зголемува просторот на OneDrive for Business на 1TB
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.