apple-tv-overview-hero-2013

Apple TV е уред наменет за поврзување со телевизор преку кого корисниците може да стримуваат различна видео содржина од различни провајдери, како Netflix, Hulu, а и од Apple iTunes. Покрај видео содржина, Apple TV подржува прегледување на слики, слушање радио, односно ова е уред на кого конкуренти му се Google TV, Roku и слични.

Според информации до кој што има дојдено 9to5Mac, Apple е во фаза на тестирање на нова верзија од Apple TV која што ќе му донесе нови функции. Исто така може да се забележи дека уредот сега има добиено своја категорија на онлајн продавницата на Apple, за разлика од претходно кога беше поставен како додатен уред на некој од останатите познати уреди.

Screenshot 2014-01-29 20.56.37

Новата верзија од Apple TV се очекува да има вграден рутер со што директно ќе може да се поврзе на интернет конекцијата на корисникот. Ова би требало да овозможи постабилна врска, а со тоа и подобар квалитет на содржината што се гледа која што моментално знае да биде прекината со познатото buffering. Исто така можно е вградување на tuner во уредот, па преку него да бидат контролирани телевизиските канали или кабловските, зависно од изборот на корисникот.  Друга информација кажува дека е можно додавање на можноста за играње игри кој што би можеле да бидат контролирани од некој од Apple уредите, како iPhone, iPod, iPad.

Ова мора да се напомене дека потсетува на Xbox One конзолата од Microsoft, со која што тие се обидуваат да биде единствениот уред за забава кој што корисниците би им требал во дневната. Доколку тоа се покаже како концепт барано од корисниците, не е чудо да го гледаме во повеќето нови уреди од овој вид.

Претходна статијаGoogle претстави пет мини игри за Glass
Следна статијаGoogle ја продаде Motorola на Lenovo за скоро 3 милијарди долари
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.