Последниот пат кога Џорџ РР Мартин напиша и објави книга од серијалот Game of Thrones беше во 2011 година. Се сеќавам кога прв пат почнав да ги читам книгите веднаш по завршувањето на втората сезона од ТВ серијата.

Иако веќе ги имав изгледано првите две сезони (кои речиси го покрија дејствието во првите две книги), книгите беа еднакво возбудливи. Дури и нудат дополнителни детали кои намерно се испуштени во серијалот. Третата книга пак, е „mindblowing“, и едно од најдобрите книжевни дела што сум ги прочитал.

Тогаш, како нов читател на книгите, не бев запознаен со динамиката на пишување на Мартин. Тој и претходно бил „релаксиран“ кога станува збор за објавувањето на делови од Гејм оф Тронс. Меѓутоа, после две години чекање, моето трпение почна да се намалува. После четири години чекање, веќе се појавија првите „нервози“.

Сега е веќе 2018 година, а Мартин на својот блог соопшти дека годинава нема да ја дочекаме Winds of Winter. Наместо таа, годинава ќе биде објавена книгата Fire & Blood, книга која никој не ја посакуваше ниту ја чекаше.

Се работи за историјат на куќата Таргариен, а дејствието е сместено 300 години пред почетокот на дејствието во Гејм оф Тронс.

Веќе е доста веројатно дека ТВ серијата ќе заврши пред да биде објавена претпоследната книга. Досега не се случило таква констелација на односи помеѓу екстремно популарни книги и ТВ серии снимени според тие книги.

Што се однесува до љубителите на книгите, нивните маки ќе продолжат. Огромната нетрпеливост помеѓу читателите е сепак показател за популарноста и квалитетот на приказните кои ги раскажува Џорџ РР Мартин.

Гејм оф Тронс ќе се чита децении, па и векови во иднината. А за таквите дела вреди да се чека.

Претходна статијаСигурносни експерти од F-Secure открија пропуст во софтверот на електронските брави кои се користат во илјадници хотели во светот
Следна статијаКако порано да го активирате новиот дизајн и функции на Gmail за веб