Бестрашната Френки пораснала во Торонто со својот татко, но по смртта на татко ѝ, таа се преселила во Европа, во потрага по авантури. Во почетокот на Првата светска војна таа станува гласник и вози мотоцикл низ селата, носејќи пораки на првата линија на фронтот. Храбрата и смела Френки ја регрутирале да работи како шпион, а кога се вратила во Торонто, основала приватна детективска агенција. На тој начин станува првата женска приватна детективка во тие бурни години.

Но, таа не е „обична“ детективка. Френки (која ја игра 37-годишната актерка Лорен Ли Смит) ги презема случаите со коишто полицијата не сака да си има работа, тие што, ако ја прашате полицијата, се нерешливи. Нејзиниот порив за авантура ќе доведе до многу незгоди и до неверојатни ситуации од кои успева да се извлече на чудни начини.

Одличната костимографија и сценографија која ги прикажува сите драматични општествени промени и, општо, промените во човечките умови во тие години, претставува само една од причините да се погледне оваа серија (имено, во 20-тите, модата станувала сѐ поудобна, а жените почнале да прифаќаат алишта што дотогаш се сметале за машки, на пример, смокинг, панталони, спуштен струк). Френки е подготвена да го покори светот, но дали светот е подготвен за Френки?

Сите епизоди на „Мистериите на Френки Дрејк“ се достапни веднаш на www.pickbox.tv

Претходна статијаМакпетрол прворангиран на државното првенство
Следна статијаНова мобилна апликација за возачите на Ford