Бади Валастро со својата екипа се враќаат повторно во слаткарницата Carlo’s Bake Shop и изработуваат фантастични  торти за сите можни пригоди. Бади е еден од најпознатите слаткарски уметници во Америка и воедно главен мајстор во слаткарницата во Хобокен, институција во Њу Џерси, позната по своите шарени и вкусни колачи.

Овој пат Бади со екипата изработува дворска торта во чест на хадросаурот, официјалниот диносаурус на државата Њу Џерси. Додека целата фамилија Валастро оди на одмор на обалата на Џерси, неговата екипа изработува торта во облик на возот на смртта за општинскиот забавен парк. Исто така, Карло  изработува торта лубеница, онака баш налик на вистинска овошка.

Со неограничен пристап, во секоја епизода ја следиме драмата кој неизбежно доаѓа со секоја наредна торта! Бади Валастро, Cake Boss, не забавува секоја недела во 21.00 часот на ТЛЦ каналот.

Претходна статијаNokia 5.1, 3.1 и 2.1 донесуваат подобри перформанси и Android Go верзија на најслабиот модел
Следна статијаMotorola One Power го враќа стариот бренд и воведува исечок на екранот прв кај овој производител?