„Приказна за играчките“ (Toy Story) нема ни вам ни на вашето дете да ви донесе трауми, туку спротивно, ќе ве однесе вас и вашето дете на подобро место, а своето патување може да го почнете на Pickbox каде што ве чекаат сите три продолженија на овој легендарен анимиран филм.

Тоа е место каде што вашето дете ќе научи што е вистинско пријателство и како треба на вистински начин да се грижите за вашите работи. Не е без причина што овој анимиран филм е прогласен за еден од најдобрите на сите времиња и што освои „Оскар“ за специјални остварувања, а третиот дел е награден за „Оскар“ како најдобар долгометражен анимиран филм. Првата приказна за играчките воедно е и првиот компјутерски анимиран филм во историјата, од 1995 година.                                                

НАЈУСПЕШНИОТ АНИМИРАН ФИЛМ НА СИТЕ ВРЕМИЊА

Со заработката од сите три дела, „Приказна за играчките“ стана најкомерцијалниот анимиран филм на сите времиња, како и четвртиот најуспешен филм во историјата на „Дизни“, по двата филма од серијалот „Пиратите од Карибите“ и „Алиса во земјата на чудата“.

Во првиот дел приказната го прикажува момчето Енди кое најмногу сака да си игра со дрвениот каубој Вуди, но не знае дека Вуди и другите од дружината на играчките од неговата соба оживуваат кога него го нема. Кога за роденден Енди ја добива играчката Баз Лајтјар што долго време ја посакувал, Вуди станува љубоморен, па авантурата започнува. Дејството во вториот дел на популарниот анимиран филм се одвива околу киднапирањето на Вуди кој е заробен кај еден злобен колекционер, а неговата дружина од собата на Енди се обидува да го спаси. Во третиот дел, Енди пораснал и се подготвува за факултет. Но, исто така, ги трга играчките кои повеќе не му се потребни, па на крајот тие се наоѓаат во една градинка, на милост и немилост на играчките од градинката на кои не им се допаѓаат дојденците.

Сценариото го напиша Рашида Џонс, а филмот го режираше Џон Ласетер. Во 2019 година се очекува и четвртиот дел од оваа омилена детска трилогија.

„Долго време не сакавме да снимиме продолжение затоа што третиот дел заврши совршено за сите. Но, кога добивме нова идеја за четвртиот дел, едноставно, не можев да престанам да размислувам за тоа, беше премногу возбудливо и знаев дека морам да го направам тој филм и лично да го режирам“, рече Рашида Џонс.
Студиото „Пиксар“ може да биде благодарно за „Приказна за играчките“ затоа што тој анимиран филм беше решение за долгогодишните финансиски програми на легендарното студио. „Приказна за играчките“ на „Пиксар“ му отвори пат за снимање на другите успешни наслови, како што е „Животот на бубачката“ (A Bug’s Life), кој исто така можете да го гледате на платформата Pickbox.tv.

Претходна статијаGoogle официјално започнува со индексирање на мобилните верзии од страните
Следна статијаHuawei ги претстави P20 и P20 Pro – Исечок на горната страна, три камери и одличен дизајн