Од мноштвото хит-серии што можете да ги гледате преку видеотеката на Pickbox, изборот падна на напнатите наслови со кои еден месец ќе ви пролета во возбуда, исчекување, решавање неверојатни злосторства и спасување човечки животи.

Комедија, драма, авантура… од сѐ по малку, но да тргнеме со црна комедија, преку авантура во чијшто центар е русокосата платена егзекуторка, па сѐ до драмата наградена со „Оскар“ во која се работи за животот на еден гениј.

Адвокат (The Lawyer)

Во центарот на дејството е Френк Нордлинг (Александар Карим), млад и перспективен адвокат, кој заедно со својата сестра Сара (Малин Буска) во детството сведочел за смртта на родителите – жртви на споменатата бомба. Јенс Лапидус, авторот на романот според кој е снимена серијата и е еден од луѓето одговорен за концептот на дејството, е убеден дека при снимањето мора да се почитуваат уметноста и реалноста.
„Секогаш мора да постои рамнотежа помеѓу вистинскиот живот и драматуршките ефекти. Така што во некои сегменти има сцени кои можеби и не би се случиле во реалноста, но од друга страна има толку многу ситуации кои вистински го опишуваат вистинскиот живот“, рече Лапидус,

Clerks

Американската комедија „Clerks“ е снимена според сценарио и режијата на Кевин Смит, кој во филмот се појавува во улогата на Сајлент Боб, трговец со марихуана. Тоа претставува увид во еден ден од животот на продавачите, чиешто глупирање во работното време му дава ново значење на терминот „корисничка услуга“.

Kill Bill 2

Ума Турман во улогата на Невестата, платен убиец што бара одмазда. Овој филм на режисерот Квентин Тарантино е полн со акција и со борби. Дали сте знаеле дека идејата за филмот „Kill Bill“ се родила за време на снимањето на „Pulp Fiction“, кога Тарантино рекол дека има желба да сними одмазднички или кунг-фу филм како од 1970-тите, а Турман веднаш се согласила и ја разработила сцената со која почнува „Kill Bill 2“.

Good will Hunting

Номиниран за девет „Оскари“ од кои доби два, за најдобар спореден актер, како и за оригинално сценарио, филмот ги освои гледачите и оствари завиден финансиски успех.
Ова  е драма за бунтовниот 20-годишен домар на универзитетот „МИТ“, Вил Хантинг, млад човек со особено висока интелигенција и со фотографско помнење, кој виси по баровите на јужниот дел на Бостон со својот најдобар пријател Чаки и со богатата британска девојка Скајлар.

А пред спиење, анимираните деликатеси на „Дизни“ за мали и големи…

The Incredibles

Ова Дизниево семејство со суперјунаци е синхронизирано на хрватски и ќе ве однесе во светот на борците против криминалот кои, откако биле присилени да се пензионираат, добиле тајна задача, па во искушение е заедништвото во семејството. Филмот е награден со „Оскар“ за најдобар анимиран филм и за најдобра монтажа на звук и ќе ви обезбеди неверојатно анимирано доживување, а важи за еден од филмовите со најголема заработка во 2000-тите.

Ratatouille

Освојувајќи голем број награди, како и „Оскар“ и „Златен глобус“ во категоријата за најдобар анимиран филм, овој кулинарски филм од студијата на „Пиксар“ ќе ви отвори апетит.

Приказната започнува со стаорецот Реми, кој сонува да стане голем готвач и покрај тоа што неговите го задеваат поради тоа и што припаѓа на вид од којшто гурманите се грозат. Кога преку игра на судбината завршува во париската канализација, тој се наоѓа веднаш под ресторанот што го прославил кулинарскиот јунак Аугусто Густо…

Up

Топол анимиран филм за пријателството помеѓу старецот Карл Фредриксен и момчето извидник по име Ратко.  Филмот освои „Златен глобус“ за најдобар анимиран филм и за најдобра оригинална песна, а беше номиниран во пет категории за „Оскар“. Тоа е првиот анимиран филм во историјата што доби почесна позиција на Канскиот фестивал.

Претходна статијаНино Карас: CodeWell денес е успешна ИТ компанија и иноватор од светски ранг
Следна статијаКонгресот на САД ги објави сите реклами за кои се тврди дека се нарачани од Русија