Последните сезони на „Нешвил“ и на „Скандал“, третата сезона на популарната британско-француска серија „Тунел“, финале на сезоната на „Десет дена“, како и финале на првиот дел од петтата сезона на „Викинзи“ се новитетите во јануари на интернет-видеотеката Pickbox.

Гледачите на Pickbox овој јануари ќе имаат можност да гледаат дури пет премиери кои ќе се прикажуваат само по неколку часа од американските, односно британските премиери. Се работи за хит-серии кои имаат високи бројки на гледаност и големи групи на обожаватели заради  врвните сценарија и квалитетните кадри.

Нешвил

IMDb оценка: 7,7

Rotten Tomatoes: 92%

Вкупен број на епизоди: 124

Истакнати имиња: Хејден Панетје, Чарлс Естен, Клер Бауен, Џефри Нордлинг

Популарната американска кантри-драма претставува музички спектакл што собира интересни актерски имиња. За нејзината популарност зборува и фактот дека нејзините обожаватели, таканаречените „нешиз“, ја спасија од откажување преку организирање кампања на „Твитер“ и низ е-пошта. Шестата сезона носи два нови лика и враќање на пет од старите. За оние што заостануваат со проверените хит-серии, добрата вест е што Pickbox во својата понуда ги има целосните епизоди на сите сезони на „Нешвил“.

Скандал

IMDb оценка: 7,8

Rotten Tomatoes: 94%

Вкупен број на епизоди: 124

Истакнати имиња: Кери Вашингтон, Скот Фоли, Дарби Стенчфилд, Џошуа Малина

Една од најдобрите политички драми и уште еден во низата успешни проекти на Шонда Рајмс се ближи кон својот крај. Со достапност до сите епизоди од претходните сезони, Pickbox ексклузивно за регионот и неколку часа по емитувањето во Америка ќе ги прикаже и последните епизоди почнувајќи од 22 јануари. Седмата сезона ќе се фокусира на Оливија Поуп како шефица на кабинетот на претседателката на САД, а не штети ни да се потсетиме дека ликот на Оливија е создаден делумно според Џуди Смит, менаџерката на кризи во администрацијата на Џорџ Буш Постариот. Смит често ја претставуваат како најдобра спинерка која поминала 20 години поправајќи еден куп невозможни ситуации и нарушени угледи на познати политичари.

Тунел

IMDb оценка: 7,8

Rotten Tomatoes: 83%

Вкупен број на епизоди: 24

Истакнати имиња: Клеменс Поези, Стивен Дилејн, Џејмс Фрејн, Џек Лоуден, Џозеф Мол

„Тунел“ е британско-француска варијанта на данско-шведската серија „Мост“. Тоа е криминалистичка драма преполна со адреналин и со сложени ликови. Еден британски инспектор и една француска наредничка мораат да соработуваат во решавањето на еден случај на британско-француската граница, во Евротунелот. Секоја сезона му е посветена на едно кривично дело, што обезбедува приказна која се развива постепено и интригантно. Со веќе достапните две сезони на оваа криминалистичка серија, секој петок во јануари ќе се емитуваат и новите епизоди од третата сезона паралелно со британската премиера.

Викинзи

IMDb оценка: 8,6

Rotten Tomatoes: 93%

Вкупен број на епизоди: 69

Истакнати имиња: Тревис Фимел, Кетрин Виник, Густав Скарсгард

Оваа историска драма не треба особено да се претставува, нели? Инспирирана од сагите за Рагнар Лотброк, петтата сезона предизвика вистинска бура и ги урна рекордите на гледаност, па докажа дека викинзите постојат и по Рагнар. Дејството на петтата сезона се одвива дури на три континенти и се занимава со многу табу-теми во определени кругови (на пример, паганизмот), а можете да ја гледате секој четврток. Паралелно со премиерното прикажување на петтата сезона, на Pickbox се достапни и другите епизоди. Мало предупредување: на 25 јануари ќе се емитува 10-тата епизода од новата сезона, а потоа „Викинзи“ одат на пауза.

Десет дена

IMDb оценка: 6

Rotten Tomatoes: 78%

Вкупен број на епизоди: 10

Истакнати имиња: Кира Седгвик, Адевале Акинује-Агбаје, Ерика Кристенсен

Американската драмска серија „Десет дена“ се занимава со животот на една телевизиска продуцентка која понекогаш сака да пивне и да шмркне по некоја бела линија што ќе ја одржи будна за да ги заврши текстовите навреме и за да не ја развлекува продукцијата. Една вечер, нејзината млада ќерка исчезнала сред ноќта, што предизвикува дополнителен хаос во нејзиниот живот. Кира одлично ја носи улогата на загрижена мајка и го доловува сценариото кое на родителите им ја замрзнува крвта во вените. На 7 јануари се очекува премиерата на последната сезона со дури две епизоди.

„Вовед во анатомија“, „Воландер“ и „Дедосан“ се дел од новитетите што ги нуди Pickbox. Целосната понуда на нови телевизиски серии погледнете ја на http://www.pickbox.mk/.

Претходна статијаФејсбук им дозволува на корисниците да проверат дали ненамерно ширеле руска пропаганда
Следна статијаСопственикот на Amazon најбогат бизнисмен во 2017-та година