Четвртата сезона на „Кралско семејство“ исто така премиерно се прикажува на интернет по американската премиера, но за разлика од „Скандал“, со кралицата Хелена (Елизабет Харли) и со нејзиното блудно семејство ќе се дружиме до половината на мај.

Голема завршница на „Скандал“

Само три епизоди од оваа хит-серија, која на Pickbox се прикажува на интернет по премиерата во САД, нѐ делат од финалето, кое ќе биде прикажано на крајот од април, исто така на Pickbox.

Ако дури сега почнувате да го гледате овој стилизиран политички трилер, кој доаѓа од продукциската куќа на Шонда Рајмс, кралицата на телевизиските серии (епитет што многумина ѝ го даваат) и наградувана сценаристка, ќе ви биде интересна приказната како на продуцентката Рајмс воопшто ѝ дошла идејата за „Скандал“.

По состанокот со кризната менаџерка Џуди Смит, докторка за спинови, која поминала 20 години поправајќи ги невозможните ситуации и нарушени угледи на познати политичари, а и Анџелина Џоли ја ангажирала кога ја започнала бракоразводната постапка со Бред Пит, Шонда посакала да сними серија за нејзиниот живот.

И тоа е тоа! Се случи „Скандал“, кој ги прикажува контурите на животот на Џуди Смит.

„Сакам вашите гледачи да знаат дека немам спиено со претседателот“, изјави Смит, имплицирајќи на врската на Оливија Поуп (Кери Вашингтон) со претседателот Фиц (Тони Голдвин). „И да, во мојата канцеларија во Вашингтон немаше преместување на мртви тела“.

Оливија Поуп стана една од најсилните женски телевизиски ликови и, што е клучно, таа е жена со црна боја на кожата.

„Факт е дека во мое време немаше црни жени во главни улоги во телевизиските серии, а денес во секоја серија имате жена со црна боја на кожата. Затоа сум горда на својата улога, која само ја продолжува позитивната низа на различни бои на кожа и етнички потекла во сериите“, рече Вашингтон.

Кралското семејство што морате да го гледате

Американската хумористична драмска серија „Кралско семејство“ се заснова на романот Falling for Hamlet од писателката Мишел Реј, а дејството се одвива околу едно фиктивно британско кралско семејство во Лондон од денешно време.

„Многу е забавно да се игра кралицата Хелена, манипулативна е, гламурозна и со сомнителен морал. И понатаму не се знае дали повеќе е хероина или е негативец“, рече ѕвездата на серијата Елизабет Харли, чијшто 15-годишен син Демијан ја доби гостинската улога на разгалениот принц Хансел фон Лихтенштајн.

Харли призна дека е голема обожавателка на „вистинското“ кралско семејство, па малку на шега изјави оти е сигурна дека и кралското семејство ја следи нејзината серија.

Зад кулисите, серијата неодамна доживеа и сопствен скандал, кога режисерот и сценаристот Марк Шван беше отпуштен поради обвиненијата за сексуално вознемирување на своите колешки додека работел на серијата One Tree Hill. Екипата на „Кралско семејство“ исто така се побуни против Шван поради „постојаните несакани сексуални вознемирувања на женските членови на екипата на снимањето“.

Новите епизоди на Кралско семејство и на Скандал гледајте ги премиерно и ексклузивно во регионот секој понеделник на Pickbox.tv.

Претходна статијаFacebook ќе воведе „unsend“ функција за сите корисници по откритието дека тоа е правено за Закерберг
Следна статијаДали нашите податоци биле дел од тие кои ги има собрано Cambridge Analytica?