Полноќно сонце (Midnight sun)

Серијата „Полноќно сонце“ може да се вброи во жанрот на скандинавски ноар поради шведско-француската копродукција. Приказната се одвива во шведското гратче Кируна (дали сте знаеле дека Кируна, според површината, е најголемиот град на светот и во него сонцето летно време речиси никогаш не заоѓа?) во кое се случило брутално убиство на еден француски државјанин, па една француска детективка (Лејла Бекти) ја праќаат во ова гратче заедно со својот колега (Густав Хамерстен, „Мажи што мразат жени“) да го истражи убиството.

Оваа успешна серија доаѓа од перото на сценаристите на оригиналната и особено ценета скандинавска серија „Мост“, Манс Марлинд и Бјорн Стајн.

„Сакавме да ја раскажеме приказната за Европа денес, која е прилично страшно место“, рече Марлинд и ни додаде уште една причина да не пропуштиме да ја погледнеме. Бонус: „Серијата ’Полноќно сонце‘ ја освои наградата за најдобра небританска драмска серија на меѓународното доделување на наградите Ц21 Драма.“

Петорка (The Five)

Серијата на сценаристот Харлан Кобен, њујоршкиот писател на бестселери и мистерии, е класичен трилер со шокантни пресврти, кој ќе ве задржи зад екраните.

Дејството на серијата почнува со исчезнувањето на петгодишниот Џеси Велс. Среде игра во паркот, 12-годишниот брат на Џеси, Марк (Том Кален), заедно со тројца пријател, Пру (Сара Солемани), Дени (О. Т. Фагбенл) и Слејд (Ли Инглби), се однесува лошо кон својот помлад брат затоа што тој го нервирал. Во еден момент, во афект, му велат да си оди. Џеси си заминува со трчање и никој повеќе го нема видено. Дваесет години подоцна, еден од тие пријатели, Дени, кој станал детектив, го истражува убиството на една проститутка и ја наоѓа ДНК-та на Џеси на местото на злосторството. Дали мистеријата со исчезнувањето на момчето конечно е откриена?

Тоа што ќе ги заинтересира гледачите на нашите простори е улогата на серискиот убиец и педофил Џејкоб Мароси, кого го игра хрватскиот актер Раде Шербеџија, кој во серијата е осомничен за убиството на момчето Џеси.

Чистота (Spotless)

Жан Бастие (Марк-Андре Гронден) е обичен семеен човек со необична работа. Имено, тој заработува за живот така што ги чисти местата после убиства и извршени злосторства. Неговиот живот е целосно среден, со сопругата Жули (Миранда Рејсон) има две деца, но откако во неговиот живот се враќа брат му Мартин (Денис Меноче), ситен криминалец и негова целосна спротивност, секојдневието на Жан се менува и се комплицира. Само затоа што сакал да му помогне на својот брат во едно навидум едноставно криминално дело…

Фирма (The Company)

Серијата наградена со „Еми“, номинирана и за „Златен глобус“, според бестселерот на Роберт Лител, со врвни актери како Мајкл Китон („Човек-птица“), Крис О’Донел („Бетмен и Робин“, „ НЦИС: Лос Анџелес“) и Алфред Молина („Спајдермен“, „Образование“). Во приказната се работи за тројца пријатели од генерацијата од 1954 година на Јејл, кои веднаш по завршување на факултетот се повикани во тајните служби на своите држави како шпиони кои ќе учествуваат во некои од најголемите историски мигови како што се Унгарската револуција, кризата во Заливот на свињите или распадот на СССР.

Сите наведени серии можете да ги гледате на http://www.pickbox.tv. Регистрирањето на услугата е бесплатно.

Претходна статијаGoogle создаде софтвер кој дијагностицира срцеви заболувања преку скенирање на окото
Следна статијаПремиерно издание на „the Gentlemen’s Expo“ во Скопје