Pickbox во јануари носи засилена понуда на хорор и научно-фантастични серии. Се работи за сериите „Темна материја“, „Младиот врколак“, „Духови“ и „Вулф Крик“, широко прифатени од страна на публиката и критиката.

Pickbox во јануари, на барање на своите гледачи, ги носи научно-фантастичните и хорор серии што добија пофалба од критиката, па со тој потез ја засилува и онака богатата понуда на квалитетни и повеќекратно наградувани серии во својата стриминг видеотека.

„Младиот врколак“ (Teen Wolf) е серија која можеме да ја класифицираме како преоден стадиум од „Самрак“ во „Вкусот на крвта“. Во центарот на дејството е Скот Мекол (Тајлер Поси), кој е нападнат од страна на еден врколак, па и самиот се претвора во врколак. Иако премисата на серијата изгледа како совршена мамка за тинејџерската публика, серијата заинтересира многу поширок круг на луѓе и стана феномен. „Младиот врколак“ ги меша мултинационалните митолошки елементи, па така низ серијата публиката се запознава дури и со јапонските зли духови. Нешто како „Доктор Ху“ со културолошка подлога!

„Темна материја“ (Dark Matter) претставува приказна за шестмина туѓинци кои се будат од индуциран сон. Наскоро откриваат дека меѓусебно не се познаваат, сеќавањата им се избришани и не можат да се сетат како стигнале во капсулите. Единственото што им е на располагање е вселенскиот брод полн со оружје и веќе наместената траекторија кон една далечна рударска колонија на која наскоро ќе избие војна. „Темна материја“ носи поинаков поглед на вселенските авантури, полна е со акција и со необични пресврти, а интересното е и дека нејзините обожаватели се заслужни за снимање на втората и третата сезона.

„Духови“ (Les Revenants) е вознемирувачка серија што прикажува како изгледа животот кога помеѓу живите ќе се вратат оние што починале во минатите неколку години. Овие духови се појавуваат во човечки облици, не остареле ниту еден ден и не се свесни што им се случило. Наскоро се случува убиство кое многу личи на делата на еден сериски убиец од минатото, а прашањето е дали како духови се вратиле и оние што не требало да се вратат? Оваа француска натприродна драма се темели на францускиот филм „They Came Back“ и освои „Еми“ за најдобра драмска серија во меѓународна категорија.

Серијата „Вулф Крик“ е изведена серија од истоимениот филм инспириран од вистинит настан што ја потресол Австралија на почетокот од 90-тите години во минатиот век. Станува збор за  убиството на еден патник што го извршил Иван Милат, син на хрватски емигрант и на Австралијка. Милат убил седум млади луѓе на возраст помеѓу 19 и 22 години, од германска, британска и австралиска националност. Осуден е на седум доживотни казни, кои ги служи во еден од најстрогите австралиски затвори. За потребите на серијата, Милат е преименуван во Мик Тејлор, а првата сезона прикажува една 19-годишна американска туристка која се обидува да побегне од рацете на Тејлор. Ќе ви се смрзне крвта во вените!

Сите епизоди на овие серии се достапни од денес на Pickbox, а од пролет се очекува уште поголемо проширување на понудата на Pickbox! Остатокот од понудата проверете го на www.pickbox.tv.

Претходна статијаGeForce Now, неверојатно gaming искуство на вашиот застарен Windows PC
Следна статијаPeloton е лента за трчање вредна 4000 долари