Претходната недела не почасти нас, обожавателите на Marvel и на стриповски филмови општо, со пилот епизодата на Legion. Ние веќе најавивме за можни поклопувања со другите X-Men филмови, но како навистина пројде првата епизода од серија за еден од најмоќните мутанти во универзумот на Marvel?

Пилотот почнува со секвенца од сцени без дијалог, кои му даваат на гледачот кратка историја за David Haller, од среќно детство до проблематична адолесценција. Одлично монтирано претставување, кое кажува многу за протагонистот кој се наоѓа (буквално!) во центарот, како и за целосната атмосфера и природата на серијата. Вистинска гозба за очите, со естетика и ритам несвојствен за екранизација на животот на еден супер херој.

Го наоѓаме David во психијатриската болница Clockworks како дијагностициран шизофреничар, откако се обидел да си го одземе животот. Околината дава визуелни сигнали дека се наоѓаме во некое минато време: од боите и стилот на гардеробата, до фризурите и необичната кружна архитектура на болницата. Но дали е така? Епизодата ве сместува во прв ред за претставата наречена Legion и ви дава интимни детали од негово лично гледиште, скокајќи помеѓу можното минато и сомнителната сегашност. Начин на кој David бара осигурување дека неговите искуства се реални.

Проблем, кој можат доста познавачи на Marvel го препознаат, е дека освен David Haller и можеби The Devil with the Yellow Eyes, другите ликови ги нема во стриповите. На пример, која е Melanie Bird? Според FX, мрежата која ни го носи Legion, докторката која се појавува на крајот од епизодата „за да му помогне на David да осознае сосема нов свет на бескрајни можности“ е „грижлив, но строг терапевт со бистар ум и неконвенционални методи на работа“. Но што таа крие? Дали Melanie Bird е всушност мајка му на нашиот јунак? Можеби зад неа се крие цела војска научници кои сакаат да го искористат?

Имаме уште 7 епизоди од по 60 минути до крајот на сезоната за да дознаеме во која насока ќе се развие приказната за славниот син на Professor X! Не знам дали е до стилот на серијата, ама мене веќе ме фаќа некоја параноја!

Претходна статијаЕлон Маск: треба да станеме киборзи за да преживееме
Следна статијаBMW очекува значаен напредок на нивните батерии до 2026 година