Ви треба чашка смеа, нешто за подигнување на расположението во текот на студена вечер… Со понудата на генијални хумористични серии на Pickbox, болката во стомакот поради смеењето е гарантирана.

Мртво пувало (Deadbeat)
Ако верувате во задгробниот живот или вo некој друг вид на реинкарнација, оваа серија ќе ви донесе сосема нова перспектива и многу смеа поврзана со животот по смртта. Ако можеби не сте знаеле, а отсекогаш сте сакале да знаете, духовите немаат потреба да вршат нужда, односно да одат во тоалет, не можат да консумираат опојни средства, а ако некогаш сте биле во ситуација каде што дошло до прекин на струјата или се појавиле проблеми со електронските уреди, бидете сигурни дека духовите имаат вмешано прсти во тоа. И уште една важна информација, духовите можат да се допираат, но не можат да ги допрат живите личности. Ова е американска натприродна телевизиска серија за видовитиот Кевин Пакалиоглу (Тајлер Лаби) кој решава разни проблеми со духовите за да може на мир да се пресели во „вечните ловишта“. Во работата му помага најдобриот пријател и дилер на дрога Руфи (Брендон Т. Џексон).

Дедосан (Grandfathered)
Се сеќавате на згодниот вујко Џеси, односно Џон Стамос од телевизиската серија „Луда куќа“? Сѐ уште е згоден и успешен во освојувањето на дамите и води возбудлив живот. Но, ненадејно станал дедо, дознавајќи дека има син Џералд од љубовната авантура што ја имал пред 25 години, а Џералд, имено, има ќерка. Новото семејство ги менува и неговите животни навики…

Најдете го Шорти (Get shorty)
Криминалистичка комедија со мрачна атмосфера, која е заснована на романот на Елмор Леонард, а потоа и на филмот од 1995 година, за платениот убиец Мајлс Дали (Крис О’Дауд), кој се труди да стане продуцент во Холивуд за да ја добие довербата на семејството и зад себе го остава криминалното минато. Реј Романо во серијата го игра Рик Морведер, кој со Мајлс влегува во партнерски бизнис.

Конмен (Con man)
Оваа комедија со актерите Нејтан Филион и Алан Тајдајк е номинирана за две награди „Еми“. Серијата на некој начин е верзија на вистинските искуства на Тајдајк и на Филион што ги добиле како актери во научно-фантастични филмови, обиколувајќи ги научно-фантастичните конвенции.

Целата понуда на хумористични серии каде што се и легендарните дела на југословенската продукција како Подобар живот и Жежок ветар, погледнете ја на pickbox.tv

Претходна статијаНаучници работат на ласер што може да создаде црна дупка во лабораторија
Следна статијаGalaxy S9 ќе може да се отклучува со нов систем комбинација од скенерот на ирисот и лицето