Серијата „Докторка Фостер“ освои многу награди, на пример, во 2016 година наградата „TV Choice Awards UK“, како и „National Television Awards“ и „Broadcasting Press Guild Awards“, а главната актерка Сузан Џонс, која ја толкува лекарката Џема Фостер, ја освои наградата БАФТА за најдобра главна актерка во наградата „Broadcasting Press Guild“ во истата категорија.

Во првата сезона го следиме животот на Џема Фостер, која води совршен приватен и професионален живот. Но, сомневајќи се во неверство на нејзиниот сопруг Сајмон (Берти Карвел), нејзиното секојдневие се претвора во хаос и во драма, а кога лагите на предавството излегуваат на светлината од денот, нејзиниот приватен и професионален живот доживува вистински хаос кога истовремено нејзиниот син единец Том (Том Тејлор) се оддалечува од неа. Нејзиниот одмазднички план почнува да станува бескрупулозен.

Втората сезона ни го прикажува враќањето на Сајмон во градот и во центарот на приказната ја става и неговата млада љубовница Кејт (Џоди Камер). „Лично, многу ми е возбудливо што луѓето во втората сезона конечно ќе можат да ја запознаат Кејт како личност. Затоа што досега беше позната само како ’другата жена‘. Затоа мислам дека е потребно на луѓето да им се даде друга перспектива“, рече Сузан Џонс.

Таа откри и дека за малку ќе го потпишела договорот за соработка во втората сезона од серијата. „Мојата приказна заврши“, рече, и додаде: „Но, кога ми рекоа што сакаат да направат во продолжение, чувствував дека ништо слично не е направено на телевизија. Сега конечно можеме да видиме што точно се случува кога разведените луѓе мораат да живеат едни со други. И истовремено да бидат родители на дете. Таквата ситуација знае да биде прилично лоша. Мамењето ги тера луѓето да прават лоши работи“, изјави актерката чијашто улога во втората сезона станува помрачна и поизопачена.

И двете сезони на оваа возбудлива психолошка драма гледајте ги уште денеска на pickbox.tv.

Претходна статијаЗавршува вториот круг за пријавување на Авицена Женска трка
Следна статијаСамсунг ги претстави своите безшумни еколошки клима уреди со “Wind-Free™” технологија на најголемиот светски саем за уреди за греење, вентилација и климатизација