PICKBOX ЕКСКЛУЗИВНО ВО РЕГИОНОТ ЈА ПРИКАЖУВА СВЕТСКАТА ПРЕМИЕРА НА СПЕЦИЈАЛНАТА БОЖИКНА ЕПИЗОДА НА „ДОКТОР ХУ“: ЗАРОБЕНИ ВО ВРЕМЕТО

Pickbox на 25 декември, паралелно со британската премиера и ексклузивно за регионот Adria, ќе ја прикажува специјалната божикна епизода на „Доктор Ху“ под име „Заробени во времето“ (во оригинал: Twice Upon A Time). Ова е продолжение на плодната долгогодишна соработка со Би-би-си, чијашто содржина редовно ја прикажува.

Специјалната божикна епизода на „Доктор Ху“: „Заробени во времето“ на едно место ќе ги собере првиот и дванаесеттиот доктор, но ќе претстави и нов, тринаесетти доктор. Иако серијата оригинално е замислена да престане со снимањето по дванаесетте доктори, Би-би-си реши да направи исклучок и да ја продолжи регенерацијата на главниот лик со уште една новина – за прв пат во костумот на докторот ќе влезе жена.

СРЕДБА НА БРОДЧРЧ И ДОКТОР ХУ

Тринаесеттиот доктор ќе го игра Џоди Витекер, а на публиката веќе ѝ е позната по улогата во англиската криминалистичка серија „Broadchurch“, потоа по американската серија „Black Mirror“, но и по британската научно-фантастична комедија „Attack the Block“. Иако Дејвид Тенант, десеттиот доктор, морал да го отфрли својот шкотски нагласок, Би-би-си соопшти дека Витакер ќе го задржи својот јоркширски нагласок – што е уште еден исклучок што ќе ја промени оваа популарна научно-фантастична серија.

Творците на серијата најавија дека специјалната божикна епизода ќе биде многу емоционална, особено затоа што публиката ќе се раздели од дванаесеттиот доктор Питер Капалди, кој беше одлично прифатен за време на трите сезони во кои ја толкуваше главната улога. Неодамна е откриено дека Капалди му помогнал на Стивен Мофат да ја напише сцената за својата регенерација. Тоа е симболичен чин на повеќе нивоа: Мофат, имено, му ја предава функцијата извршен продуцент што ја имаше во периодот од 2005 до 2017 година на Крис Чибнал, главниот сценарист на научно-фантастичната серија „Torchwood“ (серија произлезена од „Доктор Ху“) и на криминалистичката серија „Broadchurch“.

АРГУС ФИЛЧ КАКО ПРВИОТ ДОКТОР

Особено задоволство е појавувањето на првиот доктор. Првиот доктор го играше Вилијам Хартнел во периодот од 1963 до 1966 година, но со оглед на тоа дека Хартнел почина во 1975 година, одлучено е улогата на првиот доктор да ја преземе Дејвид Бредли, познат по својата улога на Аргус Филч во „Хари Потер“.

„Во 1963 година имав 21 година и точно се сеќавам кога Хартнел првпат излезе од Тардис. Гледањето на ’Доктор Ху‘ беше семеен настан – пиевме чај, гледавме епизода на ’Доктор Ху‘, а потоа одевме во град. Никогаш не сум ни сонувал дека ќе бидам во оваа серија, особено затоа што тогаш бев обичен инженер“, се присеќава Бредли.

Интересно е дека ова не е прва епизода која одеднаш ќе собере тројца доктори. Првпат тоа се случило во 1973 година, во епизодата „Тројцата доктори“, кога се собраа првиот (Вилијам Хартнел), вториот (Патрик Тротон) и третиот доктор (Џон Пертви), а по повод десетгодишнината од емитувањето на „Доктор Ху“.

ШТО ЗНАЕМЕ ЗА ТРИНАЕСЕТТАТА ДОКТОРКА

Секоја реинкарнација на докторот е карактерно различна од претходната верзија, па тоа ќе се одрази и на тринаесеттата докторка. Најавено е дека Витекер во себе ќе го отелотвори најдоброто од претходните доктори, но ќе донесе и саркастично-комична црта која донекаде недостигаше во Капалдиевото толкување на докторот.

Како нова докторка, Витекер доби и нова облека. Сини панталони и чорапи, светлокафеави трегери, темна маица и светол капут. Овие делови од облеката ја продолжуваат традицијата на ексцентричноста на Доктор Ху. Со новата комбинација на облеката доаѓа и до преуредување на Тардис – но за тие детали Би-би-си не сакаше да расправа.

Суштинскиот дел на секој доктор се неговите пријатели. Витекер добив тројца пријатели: Јасмин (Мандип Џил), Рајан (Тосин Кол) и Греам (Вредли Волш). Иако Џил и Кол се релативно млади актери, Волш е познат англиски актер, комичар и телевизиски водител, како и професионален фудбалер. На гледачите им е познат по улогата на Дени во „Coronation Street“, како и по главната улога во британската верзија „Law&Order UK“.

Специјалната божикна епизода на „Доктор Ху“ ќе биде достапна на Pickbox од 25 декември во 18 часот, а целосните девет сезони на современиот „Доктор Ху“ се достапни уште сега.

Претходна статијаFacebook ќе ги намали објавите кои бараат од корисниците да лајкнат, коментираат и слично
Следна статијаJapan Airlines ги враќа суперсоничните патувања во комерцијална употреба