Првата виртуелна серија има 7 сезони со 38 епизоди и ќе ги однесе гледачите на сите седум континенти

Трејлерот на серијата „DISCOVERY TRVLR“ може да го погледнете на следниот линк:

Discovery Communications и Google ја најавија револуционерната серија „DISCOVERY TRVLR“ кои ја создадоа тимовите за виртуелна реалност на двете компании. Првиот дел ќе се емитира на 3 ноември ексклузивно на YouTube, DiscoveryVR.com и апликацијата Discovery VR. Во виртуелниот свет гледачите ќе можат да зачекорат со новите Google VR очила Daydream View, како и со помош на кардборд (cardboard). Серијата ќе може да се следи на интернет и на сите Android и iOS телефони.

Оваа серија ќе ги однесе гледачите во различни делови на светот. Со помош на 360° приказот,„DISCOVERY TRVLR“ ги истражува уникатните култури и традиции кои се среќаваат во Северна и Јужна Америка, Азија, Австралија, Антартикот, Африка и Европа.

Неверојатни средини кои ќе ги воодушеви гледачите од она што ќе го видат, слушнат, искусат и ќе ја можноста да ја видат вистинската природа. „DISCOVERY TRVLR“ ќе овозможи активно учество во откритијата кои патувањата низ светот ги прават драгоцени.

„Гледачите од Дискавери очекуваат иновации кои ќе ги однесат на места на кои претходно не биле, места кои ќе ја заситат нивната

желба за истражување и авантура.VR тимот на Google ја дели нашата страст за приказните во виртуелната реалност и ни е особено драго за оваа соработка во серијата, која досега претставува и најамбициозен потфат на нашиот тим.“ изјави Ребека Ховард, потпретседател на одделот за нови платформи и партнерства на Discovery VR.

Серијалот се состои од седум поглавја, секое поглавје истражува по еден континент и започнува со изгрејсонце, а завршува со зајдисонце. Епизодите во едно поглавје следат интересни припадници на локални заедници кои ќе претставуваат некој ритуал или традиција од својата култура.

Сезоните за Северна, Јужна Америка, Азија, Африка, Европа и Австралија ќе содржат по 6 епизоди, а сезоната за Антартикот 2 епизоди. Селиот серијал брои вкупно 38 епизоди.

Discovery каналот многупати досега модерната технологија ја поврзувал со иновативна содржина. Discovery VR ја продолжуваа оваа традиција и создава содржина која ќе го збогатува животот на гледачите. Апликацијата Discovery VR е создадена во август 2015, а од тогаш има забележано 4,3 милиони преземања и 123 милиони прегледи.

Епизодите снимани Северна, Јужна Америка, Азија, Африка, Европа и Австралија ги режираше Адисон О’Деа. Породукцијата е на

Here Be Dragons студио. Епизодите снимени на Антартикот ги режираше Бери Пусман со продукцијата Yes Please Thank You.

Креативен продуцент на серијата е Сашка Унзелт, добитничка на Еми награда.

Претходна статијаЕлон Маск ќе го електрифицира девастираниот остров Порторико
Следна статијаSamsung подготвува единечна камера со вграден „портрет мод“