Мислевте дека Скандинавците имаат само мрачни криминалистички филмови и детективи што се занимаваат со убиства? Двајцата шармери што се занимаваат со слична работа, но ни повеќе ни помалку туку во самиот Холивуд, ќе ви го променат мислењето. „Шведски кретени“ (во оригинал „Swedish Dicks“) се двајца приватни детективи без лиценца, но со голема желба да го добијат својот дел од колачот во Лос Анџелес.

Оваа луда комедија со дисфункционални ликови моментално се прикажува на Pickbox, домашната стриминг-видеотека, и таа ќе ве шармира со својот хумор. Ако пак моментално сте во фаза од животот кога повеќе ви одговараат драми или светот на политичките афери, имаме уште една генијална препорака за сезонава. Се работи за серијата „Газда“ (Boss) во која главната улога ја држи Келси Грамер, за што е наградена со „Златен глобус“.

Кретените се посвета на Ингмар Бергман и на Еди Марфи

„Шведски кретени“ се американско-шведска серија во која играат Питер Стормар (убиецот во филмот „Фарго“, рускиот космонаут во „Армагедон“, глумел во „Големиот Лебовски“, а во поскоро време и во „Американски богови“) и Џона Гланс, актерот кој во најголема мера се појавувал во шведските телевизиски серии, а посебен зачин на оваа комедија е и филмската ѕвезда Кијану Ривс.

Дејството на комедијава почнува кога поранешниот каскадер Ингмар (името е посвета на шведскиот режисер Ингмар Бергман) се среќава со диџејот Аксел (го добил името по ликот кого Еди Марфи го игра во „Полицаецот од Беверли Хилс) и тоа поради едно сосема незгодно несогласување. Тие двајца (поточно, Аксел со многу наговарање и со малку парични донации) одлучуваат да станат партнери во една приватна детективска агенција, а барањата на новите клиенти ги надминуваат границите на нормалноста и општествените конвенции. Важно е и да се спомене дека Ингмар почнал да се занимава со оваа работа по смртта на својот најдобар пријател и колега каскадер Текс (Ривс), што значи дека Кијану во серијата се појавува како дух. 

Фрејзер стана газда

Се сеќавате на она прекрасно време помеѓу 1993 и 2004 година кога се прикажуваше серијата за радиопсихијатарот Фрејзер Крејн, кој живее во Сиетл со татко му, а друштво често му прави брат му Најлс, кој исто така е психијатар? Е, новата серија што ви ја претставуваме е со километри далеку од „Фрејзер“, како што „Фрејзер“ беше со километри далеку од „Кафуле ‘На здравје’“, каде што се прослави Келси Гремер. Па така, ако ви се допадна мускулестиот Крејн и сѐ што го сочинуваше неговиот живот, заборавете на него некое време. Имаме нешто друго за вас.

Шеесет и двегодишниот Гремер во новата серија „Газда“ („Boss“) го игра ликот на градоначалникот Том Кејн, кој со челична рака владее со Чикаго, а го прогонува мислата за тукушто дијагностицираната деменција која уште сега му станува пречка во работата. Иако неговите најблиски соработници се сомневаат дека нешто не е во ред со него, Кејн е решен во намерата да ја скрие својата новооткриена болест. Колку и да е добра серијата „Газда“, не е доволно добра во криењето, па сѐ става во непрегледна низа на настани.

Автор на оваа политичка драма е Фарид Сафнија (режисер на „Апокалипто“), а серијата освои „Златен глобус“, но ги освои и симпатиите на критиката и публиката, а самиот Гремер изјави дека оваа улога му била омилена. А кога ќе се сетиме дека д-р Крејн го играше цели 20 години, таа изјава навистина има тежина.

Овие две, но и десетици нови возбудливи премиери, ве чекаат на Pickbox. Веднаш придружете ѝ се на онлајн заедницата на љубители на серии.

Претходна статијаPi е нов тип на безжично полнење, кој работи на поголема далечина
Следна статијаДизајнер ни покажува како би изгледал смартфон лансиран во 1995 година, со вграден Windows 95