Светот на авантурите ве чека вас и вашите малечки, и тоа на Pickbox, затоа што филмовите на Дизни се совршено бегство од реалноста за возрасните. За миг исклучете се од обврските и одберете еден од апсолутните класици кои се достапни во видеотеката на Pickbox.

Спасители (The Incredibles)
Секое семејство доживува херојски мигови. Ова Дизниево семејство на суперхерои, синхронизирано на хрватски, ќе ве однесе во светот на борците против криминалот кои, откако биле присилени да „се пензионираат“, добиваат тајна задача, па нивното единство како семејство е во искушение. Филмот е награден со „Оскар“ за најдобар анимиран филм и за најдобра монтажа на звук и ќе ви обезбеди неверојатно анимирано доживување со оглед на тоа што важи за еден од филмовите со најголема заработка во 2000-тите години.

Мери Попинс
Американскиот мјузикл од 1964 година, со Џули Ендрус во главната улога како дадијарка со волшебна моќ, која денес се претвори во симбол на идеална „тетка што чува деца“, ќе ве врати вас и вашето дете во некои минати, носталгични времиња.
Приказната настанала според романот на писателката Памела Линдон Траверс, кој се нашол во рацете на ќерката на Волт Дизни, а Дизни сакал да го екранизира. Меѓутоа, писателката не била воодушевена од таа идеја, па преговорите за авторските права продолжиле во следните 20 години. Во 1960 година, Л. Траверс попуштила и пристигнала во Лос Анџелес за да го запознае креативниот тим задолжен за сценариото, а по премиерата на филмот, Траверс не била среќна со „ублажената верзија“ на нејзината дадијарка, како и со анимираните делови и музиката.

Пепелашка (Cinderella)
Зар има барем едно дете што не слушнало за Пепелашка, има ли можеби некоја мајка која како девојче не сакала да биде како Пепелашка и да го најде својот принц за љубов до крајот на животот?

Па, ако таа желба не ви се остварила, остварете ја на Pickbox и фантазирајте не со една, туку со три Пепелашки: „Пепалашка“, „Пепалашка 2: сништата се остваруваат“ и „Пепалашка 3: принцеза засекогаш“.

Имено, првиот анимиран филм за Пепелашка од 1950 година е прогласен од страна на Американскиот филмски институт за најдобар анимиран филм во историјата. Таа Пепелашка е заслужна и за опстанокот на царството на Дизни, затоа што ако Дизни тогаш не вложил неверојатни 3 милиони долари во бајката за слугинката, која се претвора во принцеза, ќе пропаднел, а ние денес немаше да го пишуваме текстов, ниту пак ќе ги гледавме сите тие генијални цртани филмови на Pickbox!

Приказна за играчките (Toy Story 1, 2,3)
И тоа за играчки што имаат чувства, разговараат, имаат проблеми, соништа – и душа. Трите продолженија на овој легендарен анимиран филм ве чекаат на Pickbox, местото каде што вашите деца, гледајќи ги авантурите на Вуди и Баз Лајтјар, ќе научат што е вистинско пријателство и како да ги ценат и да се грижат за играчките, па дури и за оние со кои повеќе не си играат, кои се заборавени…

Со заработката од сите три дела, „Приказна за играчките“ стана најкомерцијалниот анимиран филм на сите времиња, како и четврт најуспешен филм на Дизни во историјата.

Весело и опуштено (Fun and Fany Free)
Последниот анимиран филм во којшто Волт Дизни го позајмува својот глас за Мики Маус. Имено, Дизни од 1928-мата, па сѐ до 1947-мата, својот глас му го позајмувал за овој најпознат лик на цртаните филмови. Ова е и единствениот филм во којшто заедно се појавуваат Мики, Шиљо, Пајо и Штурецот. Се работи за спојување на два различни проекта, поточно на кратките анимирани авантури „Бонго“ и „Мики и дрвото грав“.

На Pickbox ве очекува и „Бунтот на фармата“, „Книга за џунглата“, „Мачки од високото друштво“, „Јуху-ху“ и останатите најдобри филмови на Дизни, затоа погледнете ја понудата и регистрирајте се на www.pickbox.tv

Претходна статијаSnap претстави нови верзија од своите Spectacles очила
Следна статијаРСБСП: Каде не смее да се паркира