Десет години по прекинот на бурното партнерство, изработувачите на мотоцикли по нарачка, таткото и синот Паул и Паул Џуниор, продолжуваат по сопствените патишта и раздвоени животи. Обидувајќи се зад себе да ги остават несогласувањата од минатото, двајцата се подготвени да поработат на својот однос.

Додека двајцата влегуваат турбо во работата, Паул можеби е и малку повеќе амбициозен во моментот кога ќе се согласи за работа на неверојатно краток рок по нарачка од мошне важен меѓународен клиент. Паул Џуниор пак започнува со изработка на мотоцикли за еден од најважните промотери во мотоциклистичката индустрија.

Уживајте во најубавите примероци од американските мотоцикли во серијата ,,Американски чопер’’, недела во 18.00 часот на Дискавери каналот.

Претходна статија„3х3“ баскет турнирот одложен за 15ти јуни
Следна статијаЕлон Маск и неговата потрага по Pravda