Сите зборуваат за светилки, атмосфера, снег, дедовци и баби, семејство, заедништво, храна. Додека другите зборуваат, Pickbox се обиде да спои сѐ на едно место. Соочете се со вистината – единственото нешто што може да го собере целото семејство на едно место е добар филм! Годинава

Pickbox одлучи да ги собере семејството и паровите на подолго време, зашто понудата на празнични филмови брои над 50 омилени и најпопуларни божикни филмови што можете да си ги замислите, но и ексклузивна премиера на специјалната божикна епизода на „Доктор Ху“, паралелно со британската премиера. За вас ги издвоивме најпопуларните наслови, а целосниот список на филмови можете да го видите подолу.

СПЕЦИЈАЛНА БИЖИКНА ЕПИЗОДА НА „ДОКТОР ХУ“

За сите љубители на „Доктор Ху“ и корисници на Pickbox радосната вест е што на 25.12., во вечерните часови, ќе ја прикажеме специјалната божикна епизода на „Доктор Ху“, паралелно со премиерата во Велика Британија. Така гледачите од регионот ќе имаат можност да дознаат како изгледа кога жена ќе го игра докторот во оваа легендарна серија, но и како изгледа кога тројца доктори ќе се најдат на исто место. Епизодата ќе се емитува под насловот „Заробени во времето“.

ЛОШИОТ ДЕДО МРАЗ

Били Боб Тортон и Тони Кокс се закон во ова урнебесна семејна комедија, која веќе со години ги забавува масите. Името на филмот кажува сѐ – Тортон е човек кој сака да пие, нема среќа во животот и постојано е подложен на срам, а работи само еднаш неделно – на новогодишната вечер како Дедо Мраз во трговски центар. Исто така, секоја година планира грабеж, но годинава тоа ќе се промени откако ќе сретне едни деца што ќе му ги заплеткаат плановите. Одлична комедија во која секој ќе најде нешто за себе.

ЖИВОТОТ Е УБАВ

Животот навистина е убав за време на празниците, а за тоа сведочи и оваа италијанска драмска комедија од 1997 година. Дејството се одвива во еден нацистички концентрационен логор за време на Втората светска војна, но тоа што го прави овој филм волшебен е таткото кој преку раскажување приказни се обидува на своето дете да му ги олесни тешките времиња. И баш затоа ова е неизбежна филмска класика што треба да ја гледаат и децата и возрасните.

ДЕДО МРАЗ 1, 2, 3

Оваа трилогија, со Тим Ален во главната улога, претставува неизбежна празнична класика. Ален е обичен човек кој предизвикува несреќа поради која Дедо Мраз паѓа, па затоа мора да го замени за најлудата вечер во годината. Вториот дел нѐ води низ проблемите со губењето килограми и низ проблемите во семејството, додека третиот нѐ соочува со непријателот на Дедо Мраз – Џек Фрост (Мартин Шорт). Апсолутна препорака за вечерна забава со чаеви и дедомразовци.

БОЖИЌНА ПРИКАЗНА

Џим Кери ни ја носи анимираната приказна за старецот Ебенизер Скруџ, кој цел живот бил намќор, а на божикната вечер се среќава со духовите од своето минато и ја открива радоста. Филмот е направен во 3Д-продукција, а во него учествуваат и Гери Олдман, Колин Фирт, Боб Хоскинс, Робин Рајт и Кери Елвс. Иако е мрачен, овој филм е апсолутна класика на „Дизни“ за празниците и ни пренесува многу важни пораки.

ЧОКОЛАДО

Една млада мајка отвора продавница за чоколади во едно француско селце, а нејзините чоколади наскоро почнуваат да ги менуваат животите на неговите жители. Тоа е краток опис на филмот „Чоколадо“ кој е номиниран за пет „Оскари“, за осум награди БАФТА и за четири „Златни глобуси“. Главните улоги ги толкуваат Жулиет Бинош, Џуди Денч, Алфред Молина и Џони Деп. Романтичната комедија со елементи на драма со себе носи семејно чувство и ги воодушевува помладите, но и постарите.

БРАЌАТА ГРИМ

Мет Дејмон и Хит Леџер се браќата Грим под малку поинаква светлина – тие се измамници во Германија, кои подметнуваат „магични решенија“. Нивните животи се менуваат кога еден француски генерал ги испраќа во борба против една сила што ги заробила девојчињата од селцето. Наскоро Вилхелм и Јакоб Грим сфаќаат дека се соочуваат со вистинска магија и се обидуваат да го сменат начинот на којшто размислуваат и дејствуваат. Во филмот се појавуваат Питер Стормар, Џонатан Прајс и Моника Белучи.

Дознај повеќе: http://www.pickbox.mk/praznici

Претходна статијаПрезентација на бизнис идеите на учесниците во CEED HUB Скопје
Следна статија„Одморете“ од досадните пријатели и страни 30 дена со новата Snooze можност на Facebook