youtube-logo-large

HTML5 стандардот веќе подолг период е во развој и се повеќе се користи за разни видови на софтвер, како апликации, видео содржина и слично. Flash од друга страна се користи се помалку, а критиките за неговата работа не се намалуваат. Оваа технологија за да работи потребно е инсталирање на додаток, за разлика од HTML5, а исто така проследена е со доста багови, критики за големо трошење на ресурси, проблеми со безбедноста и слично.

YouTube започна со имплементирање на HTML5 уште од 2010 година. Подоцна видеата беа достапни во двата стандарди, па корисниците можеа да изберат кој ќе го користат. Целосната имплементација на HTML5 на местото на Flash сепак изгледаше дека трае долго време, а за тоа причина беше развојот на овој стандард, како и потребните технологии.

Од оваа недела YouTube официјално започнува да го користи HTML5 стандардот за прикажување на нивните видеа. До сега во главно тој се користеше за мобилните уреди каде што веќе одамна не се користи Flash. За почеток видеата веднаш ќе бидат прикажувани во HTML5 преку Google Chrome, Internet Explorer 11, како и Safari 8, додека на Firefox само во достапните бета верзии. Како и да е, корисниците можат да го вклучат HTML5 стандардот и во моменталната верзија од Firefox преку HTML5 страна на YouTube.

Причините поради која што YouTube не го користеше HTML5 како главен на нивната веб страна се во главно надминати, а повеќето познати веб прелистувачи ги имаат имплементирано потребните технологии во нив.

Главната причина за почетокот на користење на HTML5 е поддршката на овој стандард за Adaptive Bitrate (ABR). Оваа технологија овозможува адаптирање во вистинско време на резолуцијата во која што се прикажува видеото зависно од интернет пристапот на корисникот. Користењето на оваа технологија, според YouTube, го има намалено времето на започнување на видеото, односно buffering за 50%.

Втора технологија која што има придонесено до промената е поддршката на HTML5 за VP9 видео кодекот. Овој кодек овозможува гледање на видеата со поголем квалитет, а намалување на потребниот капацитет за 35%. Тоа значи дека видеата се компресираат до ниво каде што тие не го губат својот квалитет, меѓутоа ја намалуваат големината на фајлот, што придонесува за подобар стриминг. Ова посебно треба да дојде до израз при стриминг на видеа во 4K резолуција.

Извор: YouTube, The Verge

Претходна статијаДали (и како) треба да го регулираме „Интернетот на нештата“? (Втор дел)
Следна статијаApple осигура патент за P2P споделување на песни меѓу корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.