Yahoo_Logo_

Користењето на лозинките за најавување на сервисите почнува да се смета за застарен систем, кој покрај тоа што веќе не се смета за доволно сигурен, претставува и проблем за памтење во време кога сите имаат повеќе сервиси кои што ги користат. Се разбира тука се менаџерите на лозинки кои што од корисникот бараат памтење на само една лозинка, меѓутоа доста од компаниите веќе бараат нови начини за најавување.

Како нови начини за најавување се користењето на биометриските информации од корисникот, односно отисоците од прстите, очите, гласот и слично, меѓутоа истите се’ уште го немаат целосно заменето досегашниот процес со лозинка.

Yahoo претстави свој начин за најавување на сервисите кој што треба да го поедностави целиот процес, барем кога се работи за памтењето на лозинките. Истиот вклучува можност за најава со користење на различна лозинка секој пат која што корисникот ја добива преку порака или апликација. При вклучување на овој начин за најава, на местото на полето за лозинка се појавува копче чие што притискање ја испраќа лозинката за најава.

tumblr_inline_nl9mvqmf8l1qhxx5s

По активирањето на оваа функција, која што е по избор, лозинката која што била поврзана со сметката е избришана, односно веќе нема лозинка која што постои ризик некој да ја дознае.

Овој начин во главно го олеснува најавувањето, посебно за луѓето кои не користат некој од менаџерите за лозинки, а нив во главно ги памтат. Памтењето на лозинките во денешно време не се смета за доволно сигурен начин на работа, поради тоа што ретко кој може да запомни доволно голем број на лозинки за сите сервиси, а тие да бидат доволно различни и долги.

Што се однесува до сигурноста на овој начин на најава, може да се каже дека тоа не е неговата главна карактеристика. Од една страна се трга ризикот од дознавање на лозинката, нешто што сега не е можно поради не постоењето на истата. Меѓутоа доколку се спореди со дво факторската автентикација, која што во основа го користи истиот систем, само без тргањето на основната лозинка, овој систем е нешто понесигурен.

Исто така, доколку корисникот го изгуби својот мобилен телефон, ризикува пристап до неговиот сервис, нешто што би било отежнато доколку сепак се користи и основна лозинка, покрај апликацијата.

Извор: Yahoo, The Verge

Претходна статијаBlackBerry и Samsung заедно ќе работат на нов таблет
Следна статијаClaxi, првата македоска апликација за повикување такси, ве води на CeBIT 2015
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.