Twitter ќе започне со емитување на 24 часовна видео програма на својата платформа. Ова го изјавија челниците на компанијата за BuzzFeed. Ваквиот чекор ќе биде превземен со цел корисниците да можат што полесно да се информираат за што во моментов се зборува, односно што е актуелно и популарно на платформата.

Ентони Ното, еден од челните луѓе во компанијата објасни дека не постои прецизно одредена временска рамка кога ќе почне емитувањето на програмата, меѓутоа, замислата на компанијата е да стане место каде луѓето ќе се информираат. Целта на Twitter е да стане симбол за место од каде доаѓаат квалитетни информации.

Инаку, минатата сезона Twitter ги пренесуваше во живо натпреварите од NFL со што оствари неверојатни резултати во погледн а популарноста, односно регистрираше 3,5 милиони уникатни гледачи. Па може да се каже дека тоа беше пилот-проект, како вовед во она што допрва ќе биде претставено. Меѓутоа, вистинската причина позади нон-стоп видео преносот кој ќе се реализира на платформата всушност се рекламите кои носат огромни приходи во касата на компанијата.

Рекламите од 15 и 30 секунди за кои нема опција да бидат „прескокнати“ носат одличен прилив на сретства и речиси моментално го исплаќаат напорот за обезбедување на технички услови за реализација на пренос во живо кој ќе го следи огромна публика.

Се очекува дека за почеток, Twitter ќе емитува повеќе спортски содржини кои проверено се следени од голема публика, како на пример мечевите од UFC, натпреварите од NFL и сл. Исто така, очекувано, во прво време Twitter ќе се посвети на содржини кои примарно ќе ја интересираат публиката во САД, меѓутоа логички следен чекор би бил трансфер и на содржини поврзани со земји каде платформата доживува голема популарност и има голем број на корисници како Германија, Канада, Велика Британија, Австралија и Бразил.

Извор: BuzzFeed, BusinessInsider, TheNextWeb

 

Претходна статијаУнапредено дигитализирањето на стари фотографии со PhotoScan
Следна статијаAcer претстави нови Switch лаптопи и таблет/лаптоп модели за студентите