twitter_logo

Верификацијата на сметките на социјалните мрежи е добар начин за корисниците да бидат сигурни дека сметката којашто ја следат е навистина таа која што се тврди дека е. Поточно, на овој начин корисниците може да бидат сигурни дека познатата личноста којашто ја следат е навистина таа, а тоа е потребно поради фактот што сметки на социјалните мрежи од познати личности има еден куп, кои се разбира се направени со разни цели од луѓе кои немаат никакви поврзаност со таа личност.

Можноста една сметка да биде верификувана на Twitter има уште од 2009 година. Од компанијата истакнуваат дека тие се првите кои имаат воведено ваква можност.

Досега, можноста да ја верификуваат својата сметка имаа сметките за кои Twitter сметаа дека се од јавен интерес, односно сметки на јавни личности и организации од музичката индустрија, ТВ, филмска индустрија, мода, влади, политичари, религија, новинари, медиуми и слично.

Од Twitter истакнуваат дека од нивните корисници, скоро 200.000 се со верификувани сметки, па сега оваа можност ја отвораат за сите корисници. На овој начин, корисниците на оваа социјална мрежа ќе можат да најдат дополнителни личности кои се сметаат за влијателни во одредена област, кои сега ќе може да го докажат својот идентитет.

Корисниците кои ќе сакаат да ја верификуваат својата сметка, а со тоа да го добијат познатиот син беџ ќе треба да го пополнат формуларот на следниот линк, а условите кои се потребни се следните:

  • Верификуван телефонски број
  • Потврдена имејл адреса
  • Биографија
  • Профилна слика
  • Насловна слика
  • Ден на раѓање
  • Веб страна
  • Твитовите да се наместени на јавни

Процесот нема да биде автоматизиран, што значи дека корисниците може да очекуваат и дополнителни прашања од Twitter со цел да се одреди дали навистина нивната сметка има потреба да биде верификувана.

Сепак, целта на Twitter не е сега секој кој што ќе му текне да добие ознака на неговиот профил.

Извор: Twitter

Претходна статијаЕлон Маск повторно во поход – ќе го револуционизира јавниот транспорт
Следна статијаСончево напојуваниот авион Solar Impulse 2 успешно го заврши патот околу светот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.