Првиот човек на Twitter Џек Дорси истакна дека актуелниот метод за идентификација, не функционира според планираното. Синиот „беџ“ кој ги обележува автентичните кориснички сметки, најчесто на познати личности, наскоро ќе им биде понуден на многу поголем број корисници.

Дорси најави дека компанијата планира да го измени начинот за докажување на идентитетот. Тие целат нивната платформа да биде место од доверба за корисниците. Место каде ќе може да се чуе мислењето на одредена личност од прва рака. Меѓутоа, се чини дека „беџот“ се доживува како статусен симбол, повеќе одошто потврда за автентичноста на сметката.

Зад кулисите на овој „добронамерен“ чекор се крие агендата која се спроведува и на други социјални мрежи, како на пример Facebook. Односно, мек вид на цензура на неподобните мислења. Повторно паранојата од вечното мешање на Русија во нечии избори е главниот катализатор за воведување нови системи на контрола и „доверба“.

Пред помалку од една година, руската медиумска куќа „Спутник“ доби забрана за рекламирање на Twitter. Образложението не беше сосема прецизно и практично ја пренесе пораката:

-Не сакаме вие да влијаете на креирањето на јавното мислење на нашата платформа. Новите стандарди ќе бидат прелиминарно тестирани врз налозите на политичарите кои се кандидати за избори.