Твитер го објави својот двогодишен извештај и ги сподели своите статистики со јавноста за тоа како се справува со тероризмот. Генерално земено, почнувајќи од август од 2015 година, па досега, отстранети се дури 1.2 милиони профили кои промовирале вакви дејствија. Во втората половина на минатата година, суспендирани се преку 270 илјади сметки од истата причина. Тоа е многу помалку споредено со првата половина од 2017 година. Според изјавите на компанијата, забележанo е опаѓање вo отстранувањето на ваква содржина. Како што велат, ова се должи на годините напорна работа за да го направат сајтот непосакувано место за сите кои сакаат да промовираат тероризам.

Како што и се очекува, добар дел од ваквите профилирања ги прават алгоритмите за вештачка интелигенција и машинско учење кои ги има развиено Твитер. Покрај ова, тие користат и дополнителни алатки кои се употребуваат само внатре во компанијата.

Според изјавите, околу 74 проценти од суспендираните сметки се отстранети уште пред да почнат со „твитање“.

Дополнително, Твитер прави огромни напори да ги опслужи сите барања за отстранување на профили кои им ги испраќа американската влада. Како и да е, важно е да се напомене дека не е целта да се ограничи слободата на говор. Сепак, кога станува збор за ваков тип на недозволена содржина, нема простор за компромиси и таа мора да се санкционира.

Терористичките организации долго време ги користеа социјалните мрежи и други популарни сервиси за да регрутираат нови членови и да ја шират својата пропаганда. Како и да е, со текот на времето, и владините институции и разните непрофитни организации направија притисоци за креирање на различни регулативи со кои законски би се казнувале ваквите дејствија. Твитер, Гугл, Фејсбук и останати од плејадата на технолошки гиганти финансираат најразлични проекти кои го помагаат детектирањето на забранета содржина. Се чини дека работите одат во вистинската насока. Останува да видиме како ќе се развива ситуацијата во иднина.

Претходна статијаНаскоро во Македонија прва онлајн продавница наменета за мажи
Следна статијаNASA ќе испрати пчели роботи на Марс?