Маркетингот на социјалните медиуми е во постојан раст, стратегијата постојано се менува, но постојат голем број на основни елементи кои што ќе ви помогнат да обезбедите реална основа за вашите вложувања во социјалните медиуми. Ќе се обидам да ви посочам неколку едноставни начини за промовирање на вашите социјални профили и добивање нови следбеници.

Додајте ги Вашите социјални профили на вашиот потпис во е-пошта

Размислете колку е-пораки испраќате на ден. Сега замислете секој е-мејл што го испраќате е шанса за некој нов да дознае за вашите профили на социјалните медиуми. Ставете го вашиот линк до социјалните медиуми во вашиот потпис за е-пошта, заедно со повикот “Like us”, и причина зошто луѓето треба да ја посетат и ‘допаднат’ вашата страница, на пр. “Like us на Фејсбук за ексклузивни ваучери и кодови за попусти!”

Блог за вашите социјални профили, дадете причини за следење

Ако имате блог во Вашата компанијата, зошто да не креирате пост специјално за да го промовирате Вашето присуството на социјалните медиуми. Дајте им на читателите неколку релевантни причини зошто тие треба да ги “Like us/Follow” вашите фан страници – на пр. ексклузивни понуди во моментот, вести за нови продукти кои следат, следни производи на попуст итн. Немојте да ги молите само да ви кликнат “ми се допаѓа” без причина – наведете причини зошто тие ќе имаат корист ако ги следат Вашите новости.

Промовирајте ги вашите социјални медиумски профили во реалниот свет

Секаде каде имате можност да го прикажете вашиот URL -линк од социјалните медиуми е всушност бесплатна реклама за Вас. Само размислете колкав број на луѓе ќе забележат налепница на автомобилски браник со ваша адреса на Фејсбук, налепница во канцеларии со голема фрекфенција на странки или на излог во продавници, барајќи од посетителите да ве следат на Твитер/Фејсбук. Доколку пак направите комбинација на офлајн и онлајн стратегиите, на пример преку додавање на вашите линкови во печатените продукти како што се вашите бизнис картички, меморандуми и сл, на тој начин ќе ги запознаете луѓето кои ги среќавате во реалниот живот со вашите социјални профили.

Побарајте од различните групи на следбеници, да ги следат вашите други профили

Ако некое лице ве следи на една социјална мрежа, шансите се големи да ве следи и на дрги социјални мрежи.  На пример, дадете некои релевантни причини на вашите следбеници на Твитер за тоа зошто истите треба да ви се придружат на вашата Фејсбук група, исто како во примерот за вашата промоција на блогот, споменат погоре. Твитот може да гласи: “Сите детали за нашата најнова наградна игра и што се случува во моментов – вклучи се веднаш!” Покрај тоа, не плашете се повремено директно да ги промовирате вашите социјални профили. За разлика од пристапот погоре, тука директно ги насочувате луѓето кон вашата страница со порака “Уживате ли во нашите твитови? Придружете ни се на Фејсбук!

Кликнете тука: http://www.facebook.com/yourfacebookpage. Креирајте и зачувајте три или четири различни варијанти на оваа порака, за да не го повторувате истиот твит одново и одново.

Споделете ги своите статуси на Фејсбук и на Твитер

Секогаш кога ќе објавите нешто на вашата Фејсбук страница, а мислите дека истото ќе биде интересно и за вашите следбеници на Твитер, споделето го тоа со нив преку директен линк. Секако, прилагодете го твитот за да им кажете на корисниците што ќе видат со кликање на линкот!

Направете QR-код линкови до Вашиот социјален профил

QR (Quick Response) кодови се квадратни слики слични на баркодовите, кои скенирани со камера од паметен телефон, може да ве поврзат со која било посакувана веб страница. Тие брзо се креираат и можат да бидат поставени насекаде, големи или мали, како на пример во печатени реклами (флаери, брошури, каталози, списанија) или пак на амбалажа на производи. Иако QR кодовите се корисни алатки за социјалните медиуми, не ги ставајте на непотребни места … како на вашата профилна фотографија на Facebook профилот!  Сопствени QR кодови бесплатно може да креирате на многу веб-странати како на пример http://qrstuff.com/.

Побарајте од  лицата кои ви се регистрирани на е-пошта листата да се поврзат со вашите социјални профили

Имате е-мејл маркетинг листа? Испратете им на вашите регистрирани претплатници промо  е-мејл, барајќи од нив да ве  следат на вашите социјалните мрежи – повторно со дадени причини зошто   навистина треба да ве следат. Секогаш кога ќе испраќате нови е-маил пораки до нив, вклучете ги линковите од вашите социјални профили под главната порака.

Должина на постови во социјалните медиуми

Голем број студии препорачуваат текстот во вашите социјални медиумски постови да биде сведен на минимум, за да го привлечете вниманието на мобилните корисници. Мојот совет е различен. Причината? Студиите како овие имаат опфатено спектар на огромни текстови со низок квалитет, кои честопати се резултат на лоши искуства во пишувањето или се проучувани само кратки постови како меми кои генерираат многу евтин и низок квалитет на посети. Мојот совет е да се стави на прво место квалитетот на вашата пишана содржина и ќе се уверите како должината влијае врз нивото на посети, наместо да се грижите за строго придржување до одредена бројка на карактери.

Кога е најдоброто време за објавување на социјалните медиуми?

Во зависност од студијата што ја читате, многу се разликува”најдоброто” време за објавување на социјалните медиуми со максимизирањето на органски дофат и ангажман. Некои студии ќе понудат општи упатства: “Ве советуваме да ги објавите во делот од денот кога поголемиот број од луѓето најчесто проверуваат социјални медиуми, како наутро и навечер. Други ќе ви препорачаат да користите – алатки како Фејсбук увид и податоци “Кога вашите посетители се онлајн” како и активност на Google Analytics – за да одредите во кое време од денот вашите постови добиваат најголем ангажман и да се држите до објавување во тој временски период. Алтернативно, постои и “доцен ноќен информационен ефект”. Ова упатство препорачува дека треба да ја објавите содржината во ноќните часови, во време кога има многу помала конкуренција во вестите кои ги читаат луѓето, кога и некоја меѓународна публика (доколку ја имате) најверојатно ќе ги забележи вашите постови и ќе ја зајакне шансата да вашите постови – како резултат на тоа што ќе бидат објавени во текот на ноќта – бидат први што публиката ќе ги види кога ќе се разбуди наутро.

Клучот е во експериментирањето! За да дознаете кога е вашето најдобро време за објавување на социјалните медиуми експериментирајте! Користете ги сите горенаведени предлози за да направите неколку тестови, а потоа прилагодете ја стратегијата додека не го пронајдете единствениот метод или комбинација, која најдобро функционира за Вас. Од време на време, повторно експериметирајте со вашиот пристап за да се осигурате дека вашите постови се експонирани како што треба да бидат.

Користете емотикони за да ги зголемите посетите

Емотиконите одамна се користат на интернет како начин да се изразат емоциите со поголема мера отколку што само текстот може да го пренесе, а нивното значење се пренесува во ерата на социјалните медиуми. Една студија на Amex Open покажа дека користењето на емотикони во статуси ги зголемува коментарите во просек за 33%, додека одделна истрага од Buddy Media открила дека постовите со емотикони добиле во просек 57% повеќе допаѓања, 33% повеќе коментари. На тема емотикони, вреди да се знае дека повеќето мрежи како Фејсбук, Инстаграм Твитер и мн. други поддржуваат употребата на Emojis – Емотиконите можат да додадат еден нов слој на забава и израз на вашите статуси – изберете ги преку опцијата за емотикони на вашиот мобилен уред.

Не објавувај  “празен” пост

Една од најголемите грешки кои многумина ги прават е тоа што објавуваат одредени видови постови како мамка за да поттикнат допаѓања и коментари. Најочигледни примери за ова се “Пополни го празното место” и “Кликни Like, ако мислите дека Х е Х и слично…”. Иако овие се одлични за повремена употреба, тие не ви даваат многу точен преглед за следачи и на клиенти кои се навистина заинтерсирани за вашата содржина. Секој може да објави слика од едно симпатично маче за да кликнат Like, но какво вистинско влијание ќе има врз мислењето на вашите фанови за вашиот бренд?

 За крај

Се осврнав на различните начини на кои можете да ги искористите социјални мрежи за да се промовирате и да го подигнете реномето на вашиот бренд. За крај ќе ви понудам и сајт за да ја видите активноста во реално време, да разберете дали содржината е достапна и да добиете идеја за репутацијата на вашиот бренд. Го препорачувам сајтот SocialMention (http://socialmention.com)

Впишете го вашиот бренд и побарајте клучни зборови, кои се поврзани со вашата компанија, и експериментирајте. За секое откриено споменување, сајтот обезбедува аналитика со целосни параметри кои се специфични за SocialMention, вклучувајќи ги и изворите на кои се наоѓаат и дали луѓето ги комуницираат на позитивен или негативен начин.

Стратегијата постојано се менува, следете ги новитетите и следете го Вашиот инстинкт!

Автор

м-р Игор Себишки

Претходна статијаTelegram наводно доби 3 милиони нови корисници за време на прекинот на Facebook
Следна статијаЕфекти на 3Д филмот врз мозочната активност и колкаво и какво е влијанието на режисерот врз гледачот во 3Д филмот