Facebook

Во неколку наврати го коментиравме случајот со Facebook и скандалот со Cambridge Analytica. Факт е дека тие се’ уште привлекуваат внимание со тој случај и се чини дека така ќе остане и во наредниот период. Во тој поглед, Facebook од секој аспект се труди да ги увери корисниците дека нивната платформа е сигурна и дека нивните информации не се споделени со отворениот пазар.

Социјалната мрежа објави голем пост со прашања и одговори каде детално објасни што маркетерите знаат за нас, обичните корисници. Да ви го скратам времето на истражување, накусо, маркетерите не не’ таргетираат директно, бидејќи Facebook само го продава огласниот простор. Она што го добиваат маркетерите е огласувачки простор и основни демографски податоци за публиката. Покрај ова, тие добиваат информации и за тоа кои други страници ги имаат лајкнато корисниците, кои постови ги посетуваме и слично.

Ова се важни моменти за Facebook и дефинитивно ќе им помогне да ги ублажат стравувањата, бар кога зборуваме за оние кои се убедени дека Facebook го собира буквално секој личен податок. Кога зборуваме за скандалот со Cambridge Analytica и сведочењето пред Сенатот, главната загриженост околу Facebook не беше дека тие продаваат податоци. Проблемот беше во тоа што на рандом апликации, ко квиз апликација во случајов можат да соберат многу податоци за вас и вашите пријатели, без нивна согласност. Фејсбук не ги извести своите корисници кога откри дека нивните податоци се компромитирани и тоа беше навистина сериозен пропуст.

Како и да е, Facebook не може да ја отфрли идејата дека ќе ги третира корисниците како производи. Практично, се ‘уште е точно дека деловниот модел на Фејсбук се врти околу рекламирањето – факт е дека тие ќе имаат прилагодени реклами секогаш кога тоа ќе биде возможно. Оттука, насоченото рекламирање не е исклучок, туку опција. Како тече времето, притисокот ќе биде се’ поголем, но правопропорционално со тоа и начините за заработка кои ќе ги поставува социјалната мрежа.

Кои се вашите прогнози? Споделете го вашето мислење со нас во коментар ✍

Претходна статијаGoogle ги надмина очекувањата и оствари профит од 31 милијарда долари
Следна статијаНеофицијални фотографии од Еван Блас ни го покажуваат целосниот изглед на LG G7