sqrl-login-example

До сега сите имате видено QR код барем на едно место, а истите ги има на веб страни, визит карти, флаери и слично. Тие обично се користат како начин на промовирање или како начин да симнете некоја апликација. Станаа популарни поради скратување на процесот на отворање на веб страна, на пример, со тоа што не мора да ја пишувате целата адреса, туку со едноставно скенирање на кодот преку апликации направени за читање на QR кодови, ја добивате адресата.

Steve Gibson преку неговата компанија Gibson Research Corporation, сака да ја прошири употребата на QR кодовите, преку нивно користење за најавување на веб страни каде што обично внесувате корисничко име и лозинка. Со други зборови целта е да се заменат и исфрлат од употреба корисничкото име и лозинката. Она што би го правеле наместо внесување на корисничко име и лозинка е скенирање на QR код кој што би бил поставен на страната, со специјално направена апликацијата на мобилниот телефон или компјутерот.

Кодот поставен на веб страната ќе ја содржи адресата (URL) до системот за автентикација на таа страна. Апликацијата на вашиот мобилен ќе содржи податоци шифрирани со 256-битна енкрипција кои ќе го претставуваат тајниот код кој што е избран по случаен избор. Истиот ќе биде присутен само на вашиот мобилен и никој друг нема да има пристап до него. Кога ќе го скенирате QR кодот на страната, апликацијата ќе креира јавен и приватен клуч од вашиот главен клуч и адресата од страната. Апликацијата потоа ќе ги испрати до страната на која што се најавувате, јавниот клуч, како ваша идентификација и шифриран QR код кој ги содржи приватниот клуч и адресата. Со тоа ќе се најавите на страната.

sqrl-diag

Претходна статијаКако да направите “чиста“ инсталација на OS X Mavericks
Следна статијаMicrosoft ја тргна десктоп плочката од новите Surface 2 таблет компјутери
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.