САД
Media: Wikipedia

Комитетот за безбедност при Сенатот на САД, конечно реши да претстави некаков доказен материјал во врска со наводните руски реклами кои влијаеја на исходот на претседателските избори во 2016-та. Конечно јавноста доживеа да види што тоа успеа да го надмудри и заведе американскиот граѓанин за тој да излезе и да гласа „погрешно“ на претседателските избори.

Сенаторот Ричард Бур изнесе докази, кои самиот ги собори во истата воведна реченица. Имено, доказите, се наводно (недокажано) конкретните реклами спонзорирани со пари од компании блиски до руската влада. Дури и да се работи за конкретните реклами, истите немаат апсолутно никаква врска со претседателските избори. Ниту пак се работи за кампањата на некој од кандидатите. Она што Бур го изнесе се низа религиски мотивирани содржини промовирани на исто така религиски мотивирани страници на Facebook.

САД
Media: US Senate

Имено се работи за две засебни страни. Од кои едната, е онаа за поддржувачите на независноста на Тексас, додека во другата се обединуваат американските муслимани. Кулминација на злобната намера на „руските агентури“ е организирањето на настан на двата табора на исто место време. Настаните кои се промовирале имале крајна цел двете групи да се судрат на улиците на Хјустон. Тоа се разбира не се случило, иако самите настани биле одржани.

САД
Media: US Senate

Да заклучиме, скандалот кој го тресеше Facebook и другите социјални мрежи, всушност беше предизвикан од неколку реклами со религиозна заднина. Едните повикуваат на обединување на американските муслимани, а другите на отцепување на Тексас. Како дополнување, америкаскиот сенатор изнесе и низа други фотографии. На нив од корисниците се бара преку Like да гласаат, дали сакаат да победи Хилари Клинтон или Исус Христос. Се разбира и зад ваквиот заговор стои Русија и нејзиното политичко раководство.

Ваквите најблаго кажано патетични потези на американскиот Сенат се сосема очекувана разврска на вештачки создадената помпа околу претседателските избори кои одамна станаа историја. Тешко е да се поверува дека дури и просечниот Американец би бил толку лесно подводлив за пропаганда од ваков вид да изврши толку силно влијание и да го одреди претседателот на земјата.

ИЗВОР 2PC Mag
Претходна статијаSony ќе претстави нови Xperia телефони еден ден по претставувањето на Galaxy S9-ките на MWC 2018
Следна статијаБесплатно тестирање и сертификација Certified Secure Computer User за компании